Најмалку девет лице загина, а повеќе се тешко повредени во пукање во училиште во Грац во вторникот, соопштија властите, додека министерот за внатрешни работи Герхард Карнер е на пат кон местото на настанот.
Полициска акција од големи размери е во тек по извештаите за пукање околу 10:00 часот (08:00 ГМТ) во училиштето БОРГ Драјершуценгасе во Грац.
Министерството за внатрешни работи потврди дека има повеќе загинати и тешко повредени, иако полицијата сè уште не потврдува смртни случаи. Според портпаролот на полицијата, Фриц Грундниг, напаѓачот најверојатно се самоубил.
Сите ученици и наставниот кадар се евакуирани од училиштето, а зградата е под претрес.
Покрај специјалните полициски единици, ангажирани се и неколку хеликоптери на Министерството за внатрешни работи.
За родителите на учениците е поставен собирен пункт на стадионот АСКО во Грац, објави полицијата на Штаерска на социјалната мрежа X.
Повеќето политички состаноци во Австрија за денеска се откажани, бидејќи фокусот е ставен на настаните во Грац.