24.8 C
Скопје
9 јули, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Синдикатот на контролори бара итно поништување на огласот за вработување во М-НАВ, заканува со штрајк

Струковиот синдикат на контролори на летање (ССКЛМ) побара од раководството на М-НАВ да го поништи последниот оглас за нови вработувања и да ги исполни обврските од спогодбата потпишана лани, која доведе до суспендирање на штрајкот.

Во писмено известување до Управниот одбор на М-НАВ, испратено на 16 јуни, ССКЛМ повика на итна реализација на сите неисполнети точки од Спогодбата од 13 јули 2023 година најдоцна до крајот на месецов. Доколку не се постигне напредок, синдикатот најави реактивирање на штрајкот од 10 јули.

Според синдикатот, состојбата во државната компанија за контрола на летање се влошила поради „сериозно нарушени меѓучовечки односи, блокирани јавни набавки, неуспешна транзиција кон нови технички системи, прекршувања на Колективниот договор и спроведување на неосновани измени во систематизацијата“.

ССКЛМ го оцени неодамна објавениот оглас за вработување како „несоодветен на реалните, итни и суштински потреби на компанијата“. Наместо тоа, синдикатот предлага пополнување на потребите преку прераспоредување на постојните кадри, интерни огласи и реорганизација на одделенијата.

И покрај рекордниот пораст на бројот на авионски прелети над македонското небо, синдикатот предупредува дека техничкиот систем е застарен и во „критична состојба“, со реален ризик од отказ. Дополнително, постои недостиг на инженерски кадар и контролори на летање, што според ССКЛМ, го ограничува капацитетот на системот да опслужува повеќе летови – потенцијално до 50% повеќе со новиот систем, кој сè уште не е ставен во функција.

Синдикатот исто така посочува дека нема напредок во инфраструктурните проекти, дека сè уште не е завршена функционалната анализа на компанијата, а над девет месеци М-НАВ нема ангажирана агенција за физичко обезбедување, иако сообраќајот над земјата бележи рекордни нивоа.

М-НАВ, државната компанија задолжена за контрола на воздушниот сообраќај, засега не се има јавно огласено по најавата на синдикатот.

Related posts

Саудиска Арабија со потег кој може силно да ги притисне цените на нафтата

admin

Џејмс О`Брајен: Украина би можела да победи со помошта од ЕУ и САД

admin

Јавниот превоз во Скопје во колапс

ninja

Локални избори во Турција, главната политичка битка се води за Истанбул

admin

ЕУ со нов план за економски раст на Западен Балкан

admin

ПРЕСУДА ЗА ОКТА: РСМ ТРЕБА ДА ПЛАТИ МИЛИОНСКА ОТШТЕТА

ninja