13.8 C
Скопје
14 јуни, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

ФЗО: Македонија има капацитет за третман и рехабилитација на повредените од трагедијата во Кочани

Македонија има капацитет за понатамошен третман и рехабилитација на повредените во пожарот во Кочани, изјави директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), Сашо Клековски, на трибина насловена „Кочани е наш приоритет“.

„Одговорно тврдам дека правиме максимум. Во моментов нема пациенти кои имаат потреба од лекување во странство“, рече Клековски. Тој додаде дека планот е повредените да бидат вратени во болниците од каде што потекнуваат, додека оние со потреба од преврски се третираат на Клиниката, а пациентите кои имаат потреба од физикална терапија се згрижени во Кочани.

Клековски рече дека во ЈЗУ Болница Кочани моментално се задоволени сите услови за дополнителна нега. Институцијата располага со двајца физијатри, четворица физиотерапевти и буџет од 249 милиони денари. Според него, хуманитарната организација „Сапорт Кочани“ обезбедила дел од медицинската опрема, вклучително и ракавици изработени по мерка.

Во врска со барањата за контролни прегледи во странство, Клековски изјави дека доколку пациентите сакаат да го продолжат лекувањето надвор од државата, ФЗО нема да се противи.

Реагирајќи на критиките за нееднаков третман, Клековски истакна дека позитивните искуства поретко стигнуваат до јавноста и предложи организирање средби со пациентите за подобрување на транспарентноста и довербата.

Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани избувна ноќта меѓу 15 и 16 март, при што загинаа 62 млади лица, а речиси 200 беа повредени. Дел од нив сѐ уште се лекуваат во странство. Обвинителството неодамна ја прошири истрагата, која сега опфаќа 69 осомничени, вклучително и сопственикот на објектот каде што работела дискотеката.

Related posts

Меџити: Азир Алиу е добра опција за министер за здравство

admin

Искри во „медениот месец“ на владината коалиција

admin

Пред изборите Харис и Трамп бараат поддршка во одлучувачките сојузни држави

admin

Расте притисокот за оставка на Љубомир Јовески

admin

ОСМАНИ УВЕРУВА – ЌЕ ДОМИНИРААТ АРГУМЕНТИТЕ „ЗА“ ЗА УСТАВНИ ИЗМЕНИ

ninja

Рамадани во бегство, СДСМ бара Тошковски да си замине

admin