24.8 C
Скопје
9 јули, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Хамнеи со предупредување до Израел: „Ќе им го претвориме животот во пекол!“

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, во телевизиско обраќање до нацијата изјави дека „ционистичкиот режим ќе биде жестоко казнет“ за нападите во кои беа убиени ирански генерали, научници и цивили.

„Вооружените сили на Исламската Република ќе дејствуваат со сила и ќе го направат животот горчлив за овој злосторнички ционистички режим“, изјави Хамнеи, според државната новинска агенција ИРНА. Тој додаде дека „режимот нема да помине неказнето поради овој злостор“.

„Иранскиот народ може да биде сигурен дека нема да има никакво попуштање“, истакна Хамнеи.

Во обраќањето, Хамнеи изрази сочувство до семејствата на загинатите во нападите, кои ги нарече „маченици“, и порача дека иранските власти и народот стојат зад вооружените сили.

„Тие (Израел) ја започнаа војната. Ние нема да им дозволиме да се извлечат по ова злосторство“, додаде тој, наведувајќи дека иранската војска „ќе нанесе тешки удари“ на, како што го нарече, „злосторничкиот терористички непријател“.

Обраќањето дојде по серијата напади во кои израелските сили погодиле воени и нуклеарни цели низ Иран, според иранските власти.

.

 

 

Related posts

ПОВЕЌЕ РАБОТА, А ПОМАЛКУ ЖАЛЕЊЕ, ПОРАЧА ШЕКЕРИНСКА ПРЕД УТРЕШНИОТ САМИТ ЕУ-ЗАПАДЕН БАЛКАН ВО ТИРАНА

ninja

ЕУ и Западен Балкан ја продлабочуваат соработката

admin

Северна Македонија преговара со „Виз Ер“ за авиолинија Будимпешта – Охрид, се планираат до 20 нови дестинации

admin

Германија сака да ги враќа бегалците во Сирија

admin

НОВИОТ ИНЦИДЕНТ ВО ОХРИД ЈА РАЗЛУТИ БУГАРИЈА

ninja

Милошоски: СДС да се изјасни – или се за ДУИ, или за Македонија

admin