24.8 C
Скопје
9 јули, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Што постигна Владата во првата година? Мицкоски, Фетаи и Меџити велат дека поставиле темели

Премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, денеска ја одбележа првата година од формирањето на владата предводена од коалицијата ВМРО-ДПМНЕ – ЗНАМ – ВЛЕН, оценувајќи ја како година на предизвици, напорна работа и обновени темели за иднината на државата.

„Во изминатите 365 дена, не заборавив ни за момент од каде доаѓам и колкава е честа и одговорноста да не ги разочарам граѓаните,“ порача Мицкоски. Според него, Владата ја наследила државата во влошена состојба и започнала „од минус“, поставувајќи нови темели за „времето на Македонија што допрва доаѓа“.

„Ова е година на градење основа за земја со просперитет, ред, почит и човечност. Година на нов почеток, година за тебе,“ истакна премиерот.

Фетаи: Рекорден број проекти во општините со мнозинско албанско население

Заменик-премиерот од редовите на ВЛЕН, Арбен Фетаи, истакна дека коалицијата во првата година од мандатот постигнала значајни резултати, особено во албанските средини.

„Го вративме редот и правото, финансиравме рекорден број проекти во албанските општини, ја олеснивме мобилноста со Косово и реализиравме или започнавме над 250 проекти,“ рече Фетаи.

Тој најави дека следните три години ќе бидат насочени кон целосна реализација на владината и партиската програма на ВЛЕН. „Годинава ги поставивме темелите на промените. Сега започнува изградбата на правна, силна и еднаква држава за сите.“

 

Меџити: Од држава на криминал кон држава на правда

Првиот заменик-премиер, Изет Меџити, истакна дека иако една година не е доволна за целосна трансформација, таа е доволна да се утврди правецот.

„Владата ја презедовме кога земјата беше потоната во криминал, корупција и неправда. Одлучивме да не се жалиме, туку да дејствуваме,“ рече Меџити, кој додаде дека оваа година била пресврт за сите граѓани – без разлика на етничката припадност.

„Ги поставивме темелите. Сега почнува изградбата на праведна држава која ќе им служи на сите,“ порача тој.

Владата на Северна Македонија е формирана во јуни 2024 година, откако коалицијата ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН обезбеди мнозинство на парламентарните избори. Од тогаш, коалициските партнери се фокусираат на реформи во правосудството, инфраструктурата и евроинтеграциите.

 

 

Related posts

Ангеловски: Одреден квантум на вработени од јавниот сектор да се преусмерат во приватниот сектор

admin

Беџети најавува широка коалиција за локалните избори, повикува на предвремени парламентарни избори

admin

Американските трговци во паника: Царините ги празнат полиците

admin

Анкета: Екстремно десничарската АфД е втората најсилна партија во Германија

admin

Агелер: Тоа прашање е за професорот Мицкоски, не можам јас да одговарам место него

admin

Зошто паѓа наплатата на ДДВ во време на раст на цените? Беџети: Такви осцилации се можни

admin