32.8 C
Скопје
9 јули, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕГИОНРЕПУБЛИКА

Идентитетот – нов фронт меѓу ЕК и Скопје

Еврокомесарката за проширување Марта Кос во Скопје порача дека парите од новиот План за раст од ЕУ ќе бидат достапни за земјите од Западен Балкан само доколку спроведат суштински реформи, оценувајќи дека досега е исполнета 75% од агендата, но останува уште многу работа.

„Ако не ги искористиме средствата до крајот на 2027 година, ќе морам да ги вратам во буџетот на ЕУ. Подобро е да ги добиете вие, отколку да се вратат во Брисел“, изјави Кос на заедничка прес-конференција со македонскиот премиер Христијан Мицкоски.

Одобрениот план вреден 6 милијарди евра предвидува грантови и поволни заеми за економска и административна трансформација. Северна Македонија досега има добиено 52,4 милиони евра од предвидените 750 милиони.

На Самитот во Скопје, посветен на Планот за раст, присуствуваа лидери од Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора. Кос оцени како „добра вест“ тоа што и БиХ ја усвоила реформската агенда, со што го исполни првиот услов за пристап до фондовите.

Меѓу конкретните резултати од досегашната имплементација, таа ги посочи приклучувањето на четири земји во СЕПА (евро-платежна зона), договорот за Коридорот 8 и најавата за укинување на роамингот со ЕУ од 2026 година.

Но, освен реформите, Кос ја отвори и темата на уставните измени, кои се услов за Северна Македонија да ги продолжи преговорите со ЕУ, повикувајќи ја Владата да ја вметне бугарската заедница во Преамбулата.

„Идентитетот не е предмет на политичко одлучување, тоа е дел од традицијата – како ја чуваме културата, кујната, носиите“, рече Кос, наведувајќи специјалитети како тавче-гравче и полнети пиперки како примери за културна автентичност.

Мицкоски ѝ возврати со повик за внимателност и предупреди дека нема гаранции оти новите уставни измени ќе бидат последната отстапка од македонскиот идентитет.

„Сме промениле знаме, име, Устав. Сега нема гаранции дека ова е последната отстапка. Затоа би бил многу повнимателен“, рече тој.

Кос најави нова билатерална посета на Скопје и заедничка посета со премиерот на повредените во пожарот во Кочани. Трагедијата во март, при што загинаа 62 лица, ја нарече „национална трагедија“ и изрази сочувство.

Следните исплати од Планот за раст се очекуваат во јули и есенва, откако земјите ќе ги достават извештаите за напредок до ЕК.

.

 

 

Related posts

Формирана мрежа за високообразовни реформи

admin

Ванковска „прв“ кандидат во трката за претседател на Северна Македонија

admin

Мицкоски влегува во Илинденска број 2, вети макотрпна работа

admin

Таравари под притисок – коалициските партнери бараат одлука: со Влен или со ДУИ

admin

ВАРХЕЈИ – СОФИЈА И СКОПЈЕ ДА ГИ НАМАЛАТ ТЕНЗИИТЕ, ОДГОВОРНИТЕ ЗА ИНЦИДЕНТИТЕ ДА СЕ СООЧАТ СО ПРАВДАТА

ninja

Почна судењето за Мерко за поставената спомен-плоча, тој се изјасни за невин

admin