35.8 C
Скопје
9 јули, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Мицкоски ги пречека лидерите од ЕУ и регионот во Скопје пред Самитот за Планот за раст

Премиерот Христијан Мицкоски во понеделникот вечерта ги пречека лидерите од Европската унија и Западен Балкан, кои пристигнаа во Скопје во пресрет на Самитот ЕУ–Западен Балкан посветен на имплементацијата на Планот за раст во регионот.

На социјалната мрежа Фејсбук, Мицкоски објави фотографии од пречекот на еврокомесарката за проширување и добрососедска политика, Марта Кос, како и на премиерите на Албанија, Еди Рама, на Црна Гора, Милојко Спајиќ, и на Косово, Албин Курти.

„Вечерва имав чест да сум домаќин на лидерите на државите од Западен Балкан и ЕУ. Скопје е домаќин на важен настан“, напиша Мицкоски, додавајќи дека ја користи оваа прилика за лобирање за македонските интереси и политики.

Попладнево, тој се сретна со еврокомесарката Кос во Владата, каде, според соопштението, ја нагласил заложбата на неговата влада за интеграција во Европската унија преку достоинствен процес и спроведување на суштински реформи во областа на владеење на правото, економијата и дигиталната трансформација.

Самитот кој ќе се одржи денеска во Скопје предвидува два панела – првиот ќе биде фокусиран на имплементацијата на Планот за раст на Западен Балкан, на кој ќе се обратат премиерот Мицкоски и еврокомесарката Кос, по што е најавена заедничка прес-конференција. Вториот панел ќе се однесува на конкретните механизми и поддршка за спроведување на Планот.

Европската комисија минатата недела најави дека Кос ќе ја посети Северна Македонија во рамки на регионалната иницијатива, при што ќе се сретне со лидерите на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора.

Related posts

Германија: Бизнис модел на „лажен татко“

admin

По Германија, и САД со резолуција за македонскиот јазик, историја и култура

admin

Бајден го помилува синот Хантер

admin

Еурактив: Албанија ја остава Северна Македонија зад себе – ЕУ преговорите тргнуваат без Скопје!

admin

Германски изборни резултати во графикони

admin

РСЕ: Синови и блиски на политичари во бизнисот со брзи кредити

admin