17.8 C
Скопје
19 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Лефков му враќа на Груби: Ќе одговарате и ти и Ковачевски, тоа да го знаете

“Ниту Груби, ниту Димитар Ковачевски нема да се спасат од одговорност за криминалот кој со години го прават, под превезот на ЕУ интеграцијата, која ја злоупотребуваат за богатење и крадење и ја крадат иднината на граѓаните”, пишува на својот Фејсбук статус пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.

“Груби многу добро знае дека со Христијан Мицкоски нема да му поминуваат криминалите, знае дека ќе одговара и знае дека нема да избега од правдата, затоа и сите напади од него и од Ковачевски се упатени кон Мицкоски, затоа што знаат дека пардон за криминалот нема да има”, вели тој.

Лефков на крај порачува: “Груби ќе одговарате и ти и Ковачевски, тоа да го знаете.”

Реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ доаѓа откако Груби, на започнувањето на работите за изградба на Коридор 10д, рече дека “овие работи нема да може да ги попречува ниту свети Мицко”, алудирајќи на Христијан Мицковски.

„Фактот дека сите министри и апсолутното мнозинство на пратениците стојат зад овој проект, е најголема гаранција за сите граѓани дека ниту Мицкоски, ниту свети Мицко ќе може да го запре овој проект. Овој проект продолжува и сите влади, а следната ќе биде истата како денес, ќе го заврши овој проект и ќе ги пресече лентите. Тоа што го гледате денес во Собранието и тоа што пред една недела го направи Владата на седница, е порака дека е дојден крајот на заложништвото на Собранието, на проектите и на иднината на граѓаните и на Северна Македонија. Оваа владина коалиција и ова парламентарно мнозинство, од минатиот петок демонстрира што значи да се стави крај на апсолутната блокада и заложништво на иднината на граѓаните. Тоа нема да се толерира и се демонстрира дека е дојден крај“ порача Груби.

Related posts

Гир: Не е точно дека ЕУ не ја сака Македонија

admin

По дијагнозата рак: Голема загриженост за кралот Чарлс Трети

admin

ЌЕ СТАНЕ ЛИ КИНА КОЧНИЧАР НА СВЕТСКАТА ЕКОНОМИЈА?

ninja

Тестовите ПИСА се аларм за итни реформи во образованието

admin

ВЕТИНГ ТРЕБА, АМА КОЈ ДА ГО НАПРАВИ?

ninja

УЈП откри “нафтена мафија”, преку лажни фактури сакале да извлечат пари од државната каса

admin