17.8 C
Скопје
19 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

“Црните листи” со законска сила и во земјата, или само предизборна флоскула

Од денеска стартува јавна расправа за измени на законот за рестриктивни мерки со кои се предвидува дека и т.н. американска „црна листа“ ќе биде основа врз која одредени лица или субјекти може да се најдат на списокот на санкции на земјава. Иницијатор е Министерството за надворешни работи.

„Тоа што го предлагаме со овие измени на Законот на оваа јавна дебата е да се додадат како основ за воведување на рестриктивни мерки од страна на државата и правните акти на САД и правните акти на Обединетото Кралство, што значи покрај Совет за безбедност, Европска Унија, сега и правните акти на САД и Обединетото Кралство се валидна основа за воведување рестриктивни мерки“, рече министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

„Ова всушност значи дека постоечкиот закон ќе се дополни и со тоа би се овозможило, покрај резолуциите на ОН и правните акти на ЕУ, и правните акти што ќе ги донесе американската администрација да бидат причина за земјава да воведе рестриктивни мерки кои имаат за цел „одржување на меѓународниот мир, безбедноста, почитувањето на човековите права и основните слободи“, но и борба против корупција.

„Ова се суштинските измени на Законот за рестриктивни мерки, додавањето на правните акти на САД како основа за воведување покрај тие на ЕУ и обврската институцијата предлагач да ги побара и да ги поднесе сите материјални докази до Обвинителството, а обврска на Обвинителството е да започне веднаш постапка и доколку заврши со обвинение, времено спречување на вршење на јавна функција и забрана за учество во постапка за јавни набавки доколку се работи за правни субјекти“, рече Османи и додаде:

„Како инструменти што ги има државата при воведување рестриктивни мерки се покрај ембарго за оружје, забрана за влез во Северна Македонија за граѓани коишто не се државјани на Република Северна Македонија, се разбира и финансиски мерки вклучувајќи конфискација на имот, меѓутоа се проширува Законот со уште еден опфат, а тоа е прво, во целите на Законот освен меѓународната безбедност, демократијата, се воведува и корупцијата, злоупотреба на службената должност и хибридните закани кон државата како цели коишто сакаме да ги постигнеме со измените на Законот за рестриктивни мерки“.

2023 беше година во која на американската црна листа се најдоа неколку познати личности, дел од политиката, дел од бизнисот.

Екс-вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, во декември минатата година се најде на списокот зашто Вашингтон утврдил дека има „многубројни докази за негова вмешаност во коруптивни активности“.

Во ноември на бизнисменот Сергеј Самсоненко, кој важеше за близок до структури на ВМРО-ДПМНЕ, како и на неговото семејство, му беше забранет влез во САД.

Во јули Орце Камчев се најде на црната листа зашто, како што објави Вашингтон, „ја злоупотребил својата положба со преземање коруптивни активности и спроведување агенда за своите потреби на сметка на демократските институции и граѓани на Северна Македонија“.

Струшкиот градоначалник, Рамиз Мерко, во јуни 2023 е ставен на листата и му е забранет влез во САД поради „неговата вмешаност во значителна корупција“.

Според најавите на американската администрација, списокот ќе се проширува.

Related posts

ЛИДЕРИТЕ ОД ЕУ ГО ПОВИКАА ВУЧИЌ ДА ВОВЕДЕ САНКЦИИ ПРОТИВ РУСИЈА, ТОЈ ВЕЛИ ЌЕ ГО ПРАШАМ НАРОДОТ

ninja

Ќе има ново покачување на платите на функсионерите?

admin

ПОТПИШАН ИЛИ НЕ, ДОГОВОРОТ ОД ОХРИД Е ЗНАЧАЕН

ninja

РУСИЈА НЕГИРА ДЕКА ИМАЛО РАЗГОВОРИ МЕЃУ БЛИНКЕН И ЛАВРОВ

ninja

Кога Лукашенко го повика Пригожин, германските шпиони ги прислушувале

admin

ЗНМ се солидаризира со Николовски и повикува на дијалог со МПЦ ОА

admin