Денешна дата
08/08/2022

Еко – свест алармира: Загадениот воздух убива повеќе од 1.000 граѓани годишно

Во Македонија секоја година умираат 1.350 граѓани од последиците предизвикани од аерозагадувањето

На вакви загрижувачки податоци денеска на Светскиот ден на животната средина, 5 јуни не потсети Еко – свест, Центар за истражување и информирање за животната средина. Активистите на овој македонски еколошки центар ги алармираа надлежните институции да преземат стратешки мерки за намалување на последиците од загадувањето поради кое граѓаните со своето здравје го плаќаат данокот. Тие среде Скопје изведоа симулација на погребување на бели дробови, која на Светскиот ден на заштитата на животната средина се случува  и во поголемите градови во Европа. Невена Смилевска, проектен координатор на „Еко – свест“ во разговор за Инбокс 7 ги лоцира критичните еколошки жаришта во Македонија и повикува на преземање  конкретни мерки во битката со трујачите на белите дробови.