Денешна дата
18/08/2022

„Старите лалиња“ повторно расцветаа

Со резултат 5:1 Холандија ја победи Шпанија во првиот меч од Групата Б на Светското првенство во Бразил. Головите за „лалињата“ го постигнаа Ван Перси и Робен по два а еден гол постигнаа Де Вриј. Ова беше само причина повеќе синоќа Скопје да ечи од навивачките барабани и да биде обоено во традиционалната холандска, портокалива боја

Ниту најголемите оптимисти не можеа да веруваат дека репрезентацијата на Холандија ќе го декласира актуелниот светски првак Шпанија со резултат од 5:1 во првиот меч од Групата Б на Светското првенство во Бразил.

Холандските навивачи кои ја запоседнаа „Холанд хаус“ („Holland house“) во една од кафеаните на скопскиот кеј пред почетокот на натпреварот сакаа само одмазда за претрпениот пораз пред четири години. Но тие ниту сакаа ниту можеа да сонуваат дека натпреварот ќе заврши со пет голови во мрежата на Шпанија.

Со ова, лалињата, како што се нарекува холандскиот национален тим, предводени од селекторот Луис Ван Гал и „старите волци“ Робин Ван Перси, Ариен Робен и Весли Снајдер на спектакуларен начин им се ревашнираа на Шпанците за поразот во финалето на минатото светско првенство во Јужна Африка. Шпанија тогаш славеше со 1:0 со голот на Иниеста во продолжението на натпреварот, во 116 минута. Со ова, Шпанците го доживеаја еден од најтешките порази во својата историја.

Старото правило дека никој не смее да биде отпишан пред време на најдобар начин го потврди одбранбениот фудбалер Де Вриј кој го постигна третиот гол со што на најдобар можен начин го демантираше прославениот холандски фудбалер Руд Гулит кој претходно изјави дека селекторот Ван Гал ќе мора особено да внимава на одбраната, затоа што тоа се млади играчи.

Иако еуфоричнии после големата победа, холандските навивачи кои деновиве се во посета на Скопје и Македонија претпазливо коментираа дали ова е можеби знак дека на Холандија и се смешка светската титула во фудбал.

Ова беше десетти дуел помеѓу Шпанија и Холандија. Меѓусебниот резултат од натпреварите е пет победи за Холандија, четири за Шпанија а еден натпревар завршил нерешено, без победник.

opetceska@inbox7.mk