Денешна дата
16/08/2022

Десетина повредени полицајци во протестите за „Монструм“ (обновено)

Полицијата пукаше со шок бомби. Со извици „Ние не сме терористи“, „Јанкуловска е терорист“, „Мијалков терорист„, „Голема Албанија“,, „Полициска држава“, „УЧК, УЧК“ неколку илјади граѓани протестираа денеска пред Основниот суд Скопје1 незадоволни од одлуката на судот да ги осуди на доживотна робија шестемина обвинети во случајот „Монструм“

Дваесетмина се повредени во денешните протести, јави предмалку МВР, а меѓу нив има полицајци. Неофицијално, половина од повредените се полицајци.

Полицијата воедно соопшти и дека привеле шестмина. МВР, како што посочи портпаролот Иво Котевски ги прегледува снимките, а против лицата кои ќе се идентификуваат, ќе бидат поднесени кривични пријави.

Насилниот протест започна по пладневната политва, кога група на верници незадоволни од пресудата во случајот „Монструм“ тргнаа од пред  Јаја Пашината џамија во Чаир кон скопскиот кривичен суд.  Протестите ескалираа кога толпата составена претежно од млади момчиња неконтролирано почнаа да фрлаат камења и цигли кон кривичниот суд и кон кордонот полицајци. Во каменувањето на судот се повредени десетина полицајци.  Покрај кривичниот настрада и зградата во која што се сместени Основниот суд Скопје 2 и Врховниот суд.

protesti Monstrum

Поради ова, полицијата употреби солзавец и шок-бомби со што спречи протестите да не се прошират подалеку од судот како што се случи пред две години кога незадоволни граѓани протестираа против полициската бруталност по убиството на двајца гостиварци. 

Од Основниот суд Скопје 1, информираа дека за време на протестот се оштетени неколку прозорци на зградата, но не е повреден ниту еден вработен во судот.

„Вработените останаа на своите работни места и професионално си ги извршуваа своите работни задачи и покрај недоличното однесување на граѓаните кои излегоа на така наречените мирни протести.  За инцидентот е информирано Министерството за внатрешни работи (МВР), а материјалната штета дополнително ќе се проценува“, пишува во соопштението на судот.

 

Дел од демонстрантите сметаат дека обвинението нема цврсти докази за изречените шест доживотни затворски казни на Алил Демири, браќата Агим и Африм Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Хаки Азири и Сами Љута кои беа осудени за тероризам и петкратно убиство на Цветанчо Ацевски, Кире Тричковски, Александар Наќевски, Филип Славковски и Борче Стефковски.

protest2

Обвинетиот Сејди Рами е ослободен а Алил Демири и Африм Исмаиловиќ сè уште не се екстрадирани од Косово, каде што одлежуваат казна затвор за недозволено поседување оружје.

opetceska@inbox7.mk