Денешна дата
28/01/2023

Eтничките игри и миграцијата го блокираат пописот

Политиката, калкулирајќи со етнички бројки го прави пописот политички, а не статистички процес. Власта има голем страв од бројките за миграцијата

ко-автор: Билјана Ставрова

 

Пописот е демократија, а не само статистика. Ова е мотото на кампањата на невладиниот сектор, кој прекунастапи во различни градови низ земјава сака да ја убеди власта дека пописот на населението  е неопходна статистичка операција за економското и за општественото планирање.

 

 Владата нема политичка волја за да организира попис

Иницијативата за организирање попис ја почна невладината огранизација„Инфоцентар“Биљана Бејкова,извршен директор на оваа организација, апелира пописот да го нема за главна цел етничкото пребројување на граѓаните.

Според Бејкова, пописот не треба да биде заложник на политиката, поради која пропадна оваа операција  во 2011 година.

biljana bejkova Civil photo

Биљана Бејкова (фото: Цивил)

„Свесни сме дека без политички консензус во власта, пописот нема да се организира. Пописот не е дел ниту на новата Влада. Очигледно е дека ниту еден од партнерите во власта не сака пописот да се реализира. Од друга страна, оваа статистичка операција ја претворија во етничко пребројување на населението.Од една страна ја исполитизираа оваа статистичка операција, а од друга страна ја одбегнуваат, бидејќи реалноста на бројките сигурно нема да им одговара на нивните политики”, оцениБејкова.

Лулзим Хазири, програмски директор во Aсоцијацијата за демократски иницијативи (AДИ)  вели дека во Македонија пописот на населението не е статистичко, развојно или аналитичко прашање, туку е  чувcтвително политичко прашање кое ќе предизвика тензии, секој пат кога се споменува и секој пат кога ќе се одржи, бидејќи бројките се користат за правење табори.  

 

Lulzim Haziri

Волку сме ние, толку сте вие! Ние зајакнуваме, вие слабеете! Тргнувајќи од овој конфликтен став и на ранливоста на владините коалиции базирани на нивно сочувување врз партиски интереси, пописот на населението секогаш ќе биде обврска наметната однадвор, наместо внатрешна потреба. Да имаше политичка волја, сегашната владејачка коалиција можеше да го одржи пописот по неговото пропаѓање во 2011 година”,објасни Хазири и додава:

„Се додека не се објават причините што доведоа до прекин на пописот, и не се постигне согласност за нивно надминување, до тогаш ќе биде неизвесно неговото одржување”, рече Хазири.

 

 

Во кампањата  „Пописот сега ” е вклучен и Македонскиот центар за европска едукација (МЦEE). Љупчо Петковски од организацијата оцени дека е очигледно дека нема политичка волја за организирање на пописот бидејќи во буџетот за 2014 година не се предвидени средства за трошоци околу пописот, а политичарите не даваат сигнали дека може да се случи негово одржување.

„Плаќаме голема општествена цена доколку не се одржи пописот. Пописот е потребен за да не дојдеме во ситуација во каква се најдовме. Испратени се мобилни екипи на лекари по селата, каде што нема жители, а од друга страна нема лекари во селата кои што имаат потреба за вакви услуги”, подвлече  Петковски.

 

Што ја мотивира власта да го одложува пописот?

 

Maкедонија е единствената држава во Европа и една од малкуте во светот кои не го извршиле пописот. Биљана Бејковa,додаде дека на овој начин стануваме неспоредливи и некомпактибилни со светот и со глобалните процеси.

„Уште полошо, политиките во сите други сфери се ирелевантни и со ова- неуспешни. Без точни и реални податоци во сите општествени сфери не можат да се планираат добри и ефикасни политики во економскиот развој, образованието, здравството, социјалната заштита, земјоделството, инфраструктурата, итн”, aнализира Бејкова.

Според неа, без попис нема да има ни релевантен изборен список. Од 2,2 милиони жители колку што брои Македонија според последниот попис, околу 1,8 милиони фигурираат како гласачи.

Бејкова оцени дека нема сомнежи во капацитетот на Македонија да спроведе попис, а Лулзим Хазири од организацијата AДИ истакна дека освен политичката игра со етничките бројки и недостигот на административен капацитет може да биде меѓу  главните причини за одложување на пописот.

Според него, по 2002 година, државната администрација е прополнета со партиски кадри кои по се изгледа не можат да го држат врз нивните плеќи ваквиот тежок админитративен товар.

Нема како да не влијае врз одложувањето и нерационалното трошење на државниот буџет преку  чести избори, проектот Скопје 2014, субвенциите за одржување на гласачкото тело, имајќи го предвид големиот трошок за одржување на пописот.Но, пред се, главната причина е недостигот на взаемна доверба помеѓу Македонците и Албанците во смисла на функционирањето на државата”, коментира Хазири.

populacija

Љупчо Петковски од МЦЕЕ смета дека пописот  не успеа поради политичката и меѓуетничка недоверба во владината коалиција, бидејќи во неуспешниот попис во 2011 година имаше и различни интерпретации и сознанија за некои чудни бројки.

Кои и да се причините, тие можат да се надминат, не треба да дојдеме во ситуација Македонија, зедно со Сомалија и некои други држави да се единствени каде не е одржан попис на населението”, истакна  Петковски.

 

 Страв од фрапантни податоци и масовна миграција

 

Експертот за социјани прашања, Aфердита Хаџијахја- Имери вели дека една од причините за поништување на оваа операција е и фактот дека голем број млади бегаат од земјава.

Причини за одложување на пописот (традиционални) се и претпоставките дека се соочуваме со голем процент на иселувања надвор од државата како на граѓаните- Македонци, така и на Албанците”, рече  Имери.

„Самиот факт дека Светската банка потврдува дека од Македонија се иселени околу 400.000 граѓани, додека ЕУРОСТАТ тврди дека 230.000 граѓани го имаат регулирано престојот во земји-членки на Европската унија, јасно покажува дека власта не е подготвена да ни ја соопшти вистинската состојбана теренот”, вели Бејкова.

“ За одложувањето на пописот влијае и постојаното легално и илегално иселување на населението од земјава, главно албанското население, но во последно време и македоснкото, како и значителен број на ромското население кое не поседува лични документи. Верувам дека ова е една од прочините, но и најважната. И редовните извештаи на Заводот за статистика околу наталитетот и морталитетот на припадниците на различните етнички заедници се важен показател кои ја принудуваат дневната политика да заборавина пописот“, рече Лулзим Хазири од организацијата AДИ.

Петковски од  МЦЕЕ напомена дека миграцијата е причина за одлагањето на пописот, бидејќи податоците за власта би биле многу неповолни.

Но ако се организира пописот, ќе може да се изготват нови политики кои би можеле да го спречат иселувањето, односно би им овозможиле на младите достоинствено да ја гледаат иднината токму во Македонија ”, изјави Петковски .

 Зошто во Македонија пописот се политизира? 

donco gerasimovski vest

Најголемо влијание има нецелосното спроведувањето на препораките и методологиите за спроведување на попис. Не се употребени соодветни дефиниции односно најголем проблем зошто не успеа пописот во 2011 година е различното толкување на дефинициите и стандардите. Со пописот се опфаќа вкупното население кое живее во земјата, како и населението кое е на времена работа во странство до 12 месеци. Ние како држава немаме квалитетни податоци за тоа колку од населението заминува надвор од државата и колку долго таму престојува. Повремените враќања не може да се сметаат како доселување. Имено, доколку сте 30 – 40 месеци надвор од земјата, а сте се вратиле само еднаш на еден месец, вие не треба да влезете во вкупната бројка на население кое живее во земјата“, објаснува во интевју објавено на интенет страната на popis.mk поранешниот прв човек на Државниот завод за статистика Дончо Герасимовски.

Проблемите околу пописот, односно недоразбирањата во Државната пописна комисија, бојкотот на поедини членови, давањето оставки на функции во ДПК, доведоа до различни толкувања на стандардите и методологиите во самото спроведување на пописот, што на крајот резултираше со прекинување на пописот. Се потрошија милионски суми, а резултатите нема. Има пропусти, недоследности и недоречености во Законот за попис, и тоа треба да се има предвид, бидејќи моето богато работно искуство покажува дека слични проблеми имало и во минатите пописи, но тие проблеми секогаш се решавале со донесување квалитетни практики во согласност со препораките на ООН, објаснува Герасимовски.

 

 Во просек илјада граѓани се иселуваат годишно

Официјалните податоци за механичкото движење на населението (миграциите – преселувањата) се пријавите-одјавите за доселени-отселени лица што се пополнуваат во надлежните стручни служби на Министерството за внатрешни работи, според кои табелата на отселени граѓани на Република Македонија изгледа вака:
година      2005    2006    2007    2008     2009     2010    2011      2012
отселени  1.282   1.073     224      740       769       923    1.143     1.330

 

Оттука и заклучокот дека во просек Заводот за статистика бележи отселување на околу илјада граѓани секоја година. Семејните причини, потоа вработувањето и склучувањето брак, се трите главни причини за заминување од земјава

Според министерот за труд и социјална политика Диме Спасов владините мерки за самовработување даваат резултат.

Dime-Spasov

Диме Спасов

„ Тоа се мерките за основање нови бизниси, претпријатија за самовработување меѓутоа и за отворање нови работни места. Секоја приватна компанија во Македонија, може да подигне поволен кредит со подолг грејс период и со поволна каматна стапка од само еден процент. Што е навистина позитивен проект кој се повеќе вродува со плод.

Со активните мерки годишно се вработуваат  4 илјади лица“, изјави неодамна министерот Спасов.

 

Светка банка: Македонија е земја со над 21 отсто емигранти

 

За разлика од нашите институции, заводите за статистика низ светот објавуваат свои бројки кои се значително поголеми, објавени на интернет страницата на Агенцијата за иселеништво како официјални статистички податоци за бројот на македонските иселеници во светот.

svetska-banka

Така на пример, според Заводот за статистика на Австралија на овој далечен континет според нивниот попис во 2006 година од Македонија се отселиле 83.983 граѓани, објавува Агенцијата за иселеништво на веб сраницата emigration.gov.mk

 

Понатаму на истата табела е забележливо дека најголем број од жителите на  Македонија емигрираат во Италија (78.090, податок од 2008, Завод за статистика на Италија) и во Германија (62.295, податок од 2007 од Централен Статистички Уред на СРГ). Заводот за статистика на Швајцарија, на пописот во 2011, во нивната држава регистрирал 61.288 Македонци.

Во САД се отселите 43.783 Македонци, податок стар 14 години, според пописот од 2000 година во таа земја. Фрапантна е и бројката од 47.200 емигранти во соседна Србија, забележана во далечната 1994 од Министерството за надворешни работи на Република Македонија.

Сепак од Агенцијата за иселеништво потенцираат дека во различни земји при спроведување на пописите постојат различни квалификации. Така на пример, во Америка воопшто не постои графа Македонец. Друг е случајот, велат, што нашите иселеници кои одамна се отселени таму веќе имаат свои наследници кои стапуваат во мешани бракови, па единствено останува нивните деца да продолжат да го учат македонскиот јазик.

Најдолу на табелата е збирната бројка на отселени лица од татковината која изнесува 465.333 граѓани.

Блиску до оваа бројка е и статистиката на Светска банка, според која 447.000 луѓе се иселиле од земјава, заклучно со 2010 година, поради што Македонија е рангирана во групата со најмногу емигранти. Земјава е рангирана на 23 место во групата од 25 земји со најмногу емигранти. Со 21,9 отсто емигранти од вкупното население земјава е во друштво со Западен Брег и Газа, Гранада, Самоа, Сао Томе и Принципе.

Загубата на одделни видови на професии во форма на одлив на умови е особено изразена во Македонија. Според последниот извештај на Светска банка од земјава има висок степен на одлив на мозоци и практично секој кој има шанси да замине во странство го прави тоа.

Пописот во 2011 година пропадна поради големите недоразбирања меѓу партнерите од владејачката коалиција, ВМРО-ДПМНЕ  и Демократската унија за интеграција (ДУИ) во врска со текот на процесот, и пред се  во врска со бројот на Албанците и на останатите етнички зедници, бидејќи иОхридскиот договор колективнитеправа на албанската заедница ги гарантира базирајќи се во процентот од 20 отсто. Ако овој процент се зголемува, албанскиот политички субјект објави дека барањата за остварување на правата, особено за соодветна и правична застапеност- ќе се базираат врз новиот процент на албанскиото население.

 

На пописот во 2002 година, Македонија броеше  2.022.547 жители

65 % Македонци

25,17 % Албанци

3,85 % Турци

2,66 % Роми

1,78 Срби %  и останати заедници

 

Уредник: Селим Ибрахими

Преведе од албански – Арменд Нухиу

tahiri@inbox7.mk