Денешна дата
30/11/2022

Господ и ѓаволот

Пред некој ден, верскиот поглавар на Саудиска Арабија, Абдел Азиз Ал-Шеик, жестоко ги нападна џихадистите на „Исламската држава„ и на „Ал-Каида„ нарекувајќи ги за „непријател број еден на исламот„. Според него, идеите на екстремизмот, радикализмот и тероризмот немаат ништо заедничко со исламот. Впрочем, нивните дејствија се повеќекратно поштетни отколку самото зло против која наводно се борат. Насилството и исламот во ниеден случај не одат заедно. Делата на ИСИС – насилството против цивилите, групните убиства, разурнувањето на туѓите верските објекти, и многу други криминални дела немаат ништо заедничко со Коранот и традициите на пророкот Мухамед и неговата методологија на третирањето на проблемите, на војната и воените заробеници, на верските објекти итн. Навредливо е Господ да го перципираме како инспиратор на насилството и на сечењето глави или да го замислуваме како регрутира платеници. Тој да сакаше сите луѓе ќе ги создадеше униформно без никакви разлики, но тоа е со светлосни години далеку од нашата интелигенција.

Злоупотребата на Господа за политички цели е реалност во повеќето недемократски или полудемократски земји. Тука религијата служи за дискредитација на политичкиот противник, но и за мобилизирање на масите. Со години сме сведоци на бројните војни во име на „нашиот Бог против нивниот Бог“ а Господ е само еден!!! Злоупотребата на религијата и кај нас веќе е претворено во рутина. Секој ден гледаме лидери кои имаат потреба јавно да се прикажа колку се добри верници и колкава голема доза на мора поседуваат. А реално, со тоа тие само што сакаат да го маркираат нивното безбожие и нечесност. Толку побожништво и толкав криминал невозможно да коегзистираат. Дури сите политичари да ги истопиме тешко дека ќе добиеме еден чесен политичар.

Моделот на секуларизам претпоставува одвојување на верата од државата. Тоа не значи дека некој што е посветен на политиката не треба да има верски чувства и да не биде верник, или пак некој верски поглавар да нема политички убедувања и симпатии кон некој политички субјект. Но, кај нас се работи за нешто сосема друго. Тука е вршена тотална политизација на религијата и тотално религизирање на политиката. Политичарите перманентно се фалат со промовирања на екстравагантни верски објекти како замена за лебот и нормалната живеачка за луѓето. Луѓето како да подзабораваат дека не ги избрале за да бидат попови или оџи, туку за да им ги решаваат виталните проблеми што ги ветиле. Но, изгледа таквите верски игри ним им требаат за вештачки да им произведуваат морал кој евидентно дека им фали. Во секуларна државна ниеден водач нема право јавно да врши молитва, оти тоа е сосема приватна работа. Молитвата е директна и лична врска меѓу тој што се моли и Господ, освен ако се глуми. Дури едни политичари некако самите претендираат да го заменат Господа. Тие добро знаат дека бројни наши луѓе ја преферираат грчката митологија каде што секое чудовиште било прогласен за Бог.

Во услови на криза луѓето имаат потреба од колективитет. Иако не и веруваат на политиката, тие сепак се принудени да ја следат, оти денес кај нас политиката е таа која го детерминира животот. Таа го одредува работното место, ја одредува кариерата, го одредува јавниот статус. Луѓето денес воопшто не веруваат дека најдобриот пат за да најдете работа и да напредувате во кариерата е доброто и професионалното образование. Туку вклучување во една политичка структура, или во некое „здружение„ или пак во некое „братство„ кои  овозможуваат многу поголема социјална сигурност, а гарантираат и заштита во однос на другите и во однос на законот. Кај нас како да е зацементирана некаква алијанса меѓу корумпираната политика, правда и државата како целина, која наликува на некаква опасна верска секта каде што сите ги бранат сите. Таквата „секта„ ја има парализирано секоја клетка што припаѓа на државата и правото, деформирајќи ги сите нивни механизми вклучувајќи ја и демократијата како начин на владеење.

Од другата страна, факт е дека многуте од верските поглавари како да преферираат вистинскиот Бог да го заменуваат со секакви овдешни „богови“. Повеќето од нив перманентно се блиски со сите власти, но и со организираниот криминал. Сега изгледа како пеколот да е сосема празен, оти сите ѓаволи дојдоа тука. Тие многу добро знаат дека не е можно да се има бел образ зад црните стакла на модерните џипови со кои се возат верските поглавари. Но, како што вели Марк Аурелиј – Александар Велики и неговиот мазгар по смртта станаа исти. Смртта ги нивелизира нереалните величини. Но, пред да се мисли на смртта треба длабоко да подразмислиме дека многу што овдешно треба поинакво. За да сите да изгледаме како луѓе.

Онлајн магазинот Инбокс7 не секогаш се согласува со ставовите на авторите на колумните. Одговорноста за изнесените мислења се исклучиво на авторот.

bilali@inbox7.mk