Денешна дата
08/08/2022

Репортажа: Јуруците како Амишите и Абориџините

Последната „херметички затворена“ заедница во Европа се уште опстојува во Македонија. Јуруците се уште негуваат обичаи и правила од 10 век. Друштво и прават само уште две етнички заедници во светот. Тоа се Абориџините во Австралија и Амишите во САД

Јуруците живеат традиционален живот, се занимаваат со сточарство и одгледување тутун исто како и пред 1.000 години кога почнале со преселби од Кавказ во Мала Азија, па оттаму и во Македонија.

IF

Јуруците зборуваат карактеристичен турски јазик, кој се разликува од оној што го зборуваат традиционалните Турци во Македонија. Повозрасните мажи од селата, тешко зборуваат македонски, додека жените воопшто не го знаат официјалниот јазик во државата, иако на овие простори живеат околу 700 години.

Во едно истражување од пред 15-тина години, за еманципација на етничките заедници само половина од мажите знаеле што е воз или се возеле во него. Повеќе од 90% од жените за превозно средство користеле добиток – за трактор или кола, за воз или авион не слушнале.

tamer

Тамер Јамаковски

Тие привлекуваат големо внимание кај светските етнолози и историчари кои доаѓаат во Македонија за да ги проучуваат. Една таква случка ни раскажува и Тамер Јамаковски, историчар од Штип.

Пред неколку години, претседателката на Светската организација на историчари од мене бараше да ја однесам во јуручките населби. Таа беше изненадена од нивниот начин на живот“, додава Јамаковски.

Дел од своите адети и традиции ги напуштиле, но во овие села се уште можат да се најдат лица кои живеат како и нивните предци во Кавказ.

 

 

 

 

Невеста за 3.000 евра

 

Плаќањето за невеста е обичај кој и денес се практикува кај дел од јуручкото население. Али Осман, 78-годишен пензионер од Селце, Штипско вели дека оваа традиција е задржана од многу одамна.

IF

Али Осман

Јуруците и денес плаќаат и тоа по 3.000 евра за невестите. Момчињата ќе чуваат стока, напорно ќе работат, ќе одат и овчари за да ги заработат тие пари за да се оженат. Зетот ги дава парите на дедото, за да му ја даде невестата“, вели дедо Али.

Вакво искуство има и Мехмед Исмаил, од село Коџалија, Радовишко.

IF

Мехмед Исмаил

Татко ми ме ожени на 22 години. За мојата жена, платив 190.000 дeнари.Тоа беше околу 3.000 евра, според денешната вредност на парите“,додава Исмаил.

Во последно време, вели нашиот соговорник, го сменија овој закон. Таткото и мајката на невестата, ќе ги земат парите, ќе купат злато со тие пари и ќе го подарат на ќерката. Не е како порано парите да ги задржуваат за себе.

Јас не плаќав за ниту една снаа, ниту пак зедов пари за ќерките. Синовите зедоа жени бегалки, и ќерките ми заминаа бегалки, но јас сум арен човек и не се налутив на ниту една ќерка што замина бегалка без да ме праша“, додава дедо Исмаил.

Сепак ова традиција и терминологија младите ја толкуваат поинаку. Според главниот имам во штипското муфтиство Сејдали Ибраимов, воопшто не се работи за плаќање на невестите кај Јуруците, туку тоа е обврска на секој муслиман и е пропишана во Коранот.

 

IF

Продавањето на невестите кај јуруците е погрешно толкување. Секогаш потенцирам дека со 3.000 и 5.000 евра човек не може да се купи. Во денешно време никој нема пари да плати друг човек. Тоа во исламската вера е стар обичај кој се нарекува мехир. Кога ќе се жени невестата, момчето е должно да

уплати пари како гаранција за невестата, доколку тие подоцна се разведат, таа да има од што да живее одреден период. Според исламската вера, жената која ќе се разведе, три месеци после тоа таа не смее да се мажи “, вели Ибраимов.

Тој додава дека порано овој обичај го имало и кај Албанците и кај Македонците муслимани. Може уште да е задржан овој обичај по зафрлените албански села, но во градовите го нема.

Во последно време мехирот служи за смирување на двете семејства, бидејќи многу често во јуручките села имаме невести бегалки. Доколку се случи таква работа, свекорот оди кај таткото на девојката, после одредено време и му понудува мехир (пари или имот) за да се смират. Овде веќе нема продавање, девојчето си се мажи за кого сака, а пари се даваат отпосле, вели Ибраимов.

 

 

Јуручката носија единствена на Балканот

По своите специфики, јуручката носија кај жените не е променета веќе 1.000 години. За разлика од носиите кај другите жени каде доминираат фустаните, кај јуручката жена е карактеристично што долниот дел од носијата ја сочинуваат панталони, додека горниот дел е прекриен со долг лесен капут.

IF

За да се изработи таа носија, потребно е многу труд и работа.

Носијата кај Јуруците има многу долга традиција, особено е зачувана носијата на жените. Таа е карактеристична по својата надворешност. Една јуручка носија се подготвува еден до два месеци“, велиЕнис Омеров, потпретседател на Здружението на Турците од Источна Македонија.

При нејзината подготовка жените користат волна, конци и монистри и сами ја прават.

IF

„Но, во последно време помладите невести за облека често го посетуваат и пазарот во Радовиш.

Жените носијата сами си ја правеа од волна од конци, но сега помладите најчесто ја купуваат од пазар. Веќе целокупната гардероба на мене е купечка. Да не е шамијата и кечето нема да се познаам дека сум Турчин“, се смее Мехмед Исмаил, од село Коџалија.

Дека современите текови и начини на подготвување на облеката се повеќе навлегуваат кај Јуруците потврдува и имамот Ибраимов. Тој вели дека јуручките жени денес може да носат и гардероба од пазарот, но секогаш на таа гардероба ќе имат и по една амајлија од традиционалната турска облека.

 

Кои се Јуруците?

Прататковина на Јуруците е областа околу езерата Кизелкум и Каракум во Кавказ. Во 10-ти век се преселиле во Анадолија, Турција и во Северен Иран. Во 14-ти век кога Турците го покориле Балканот, еден дел од луѓето што дошле на балканските простори биле војници, други биле администрација, а третиот дел селско номадско население, кои тие го донеле. Откако османлиите го освоиле просторот, Словените се иселувале од одредени места, на нивно место Турците носеле туркменски племиња како што се Јуруците.

IF

Првите јуручки населби во Македонија се формирале во 1380 година, на територијата на Егејска Македонија. Првите јуручки населби во денешна Македонија се прилепските села Канатларци и Вашареј, кои постојат и сега.

Јуручкото население во Источна Македонија е дојдено од областа Кониа, од Турција, поточно од околината на градот Караман. Јуруците важат за селско турско население, и затоа се разликуваат од останатите“, вели историчарот Тамер Јамаковски.

Во Македонија Јуруците се распоредени во три региони: Валандовско, Дебарско и во околината на Плачковица. Во Радовишко, Штипско и Карбинско има околу 7.000 Јуруци. Во Радовишко, околу 20 отсто од вкупното население се Турци.

 

 

 

Пеливанството -симбол на јуручката култура

Пеливанството е боречка вештина која потекнува од Мала Азија. Зборот пеливан во превод значи борач. Но, за разлика од борењето, пеливанството има различни правила.Така, кај борењето има категории според тежината на борачите, додека кај пеливанството, категориите се одредуваат според наградата за која се пријавени борачите.

IF

Сулејман Јонузов, пеливански судија од Радовиш вели дека правилата во пеливанството се построги од класичното борење.

Карактеристики на пеливанството како вештина е што борачите од половината нагоре се голи, и се полеваат со масло за јадење за да се лизгаат и противникот да не може да ги фати. Пеливаните се боси, а на себе носат кратки кожнени панталони, наречени кастети“, вели Јонузов.

IF

Енис Омеров вели дека пеливанството е традиционален јуручки спорт, кој го донеле од Азија при нивните преселби.

Годинава во 11 категории беа пријавени дури 61 пеливан. Наградите беа од 600 до 24.000 денари за најдобрите пеливани“, вели Омеров.

Тој додава дека вкупно во Македонија има околу 150 пеливани.

Omer Vejseli pelivanski sampion

Омер Вејсели

Шампион годинава беше Омер Вејсели, од Скопје, кој истовремено е и најдобар на Балканот.

Првите борби ги имав на 15 години и со овој спорт се бавам веќе 16 години. Пеливанството е традиција. Моите вујковци и татко ми биле пеливани. Јас го наследив овој спорт, а сега и моите деца исто така се пеливани. Во Грција годинава бев првак на двапати. Шампион бев и во Бугарија, додека во Турција го освоив второто место“, вели Вејсели.

Уредник: Стојанка Митреска

 

lefkov@yahoo.com