Денешна дата
29/06/2022

Апел до институциите: Трудница има итна потреба од инсулините “новорапид“ и “левемир“

Нашата сограѓанка Снежана Љуботенска од Штип која има дијабетес тип 1, а се наоѓа во петти месец на бременост има итна потреба од инсулините “новорапид“ и “левемир“, бидејќи доколку не ги добие овие два инсулина или пак ја промени терапијата со други видови инсулин ќе го стави во животна опасност и сопственото, но и здравјето на бебето кое го носи.

Затоа, Баланс МК  – асоцијацијата за детски дијабет на Македонија апелира до сите институции и организации во Република Македонија кои на еден, односно друг начин, се директно инволвирани во инсулинската криза во државата, а посебно до Министерството за здравство, согласно законските прописи, да овозможи постапка за донација на овие видови инсулини, без оглед што истите, за жал, повеќе не се предмет на интерес на македонското здравство и со тоа да се превенираат било какви штети по нејзиното здравје и здравјето на бебенцето кое што здраво и живо наскоро ќе го здогледа овој свет.

Исто така со оглед на фактот дека во нашата Асоцијација веќе евидентиравме повеќе барања пред се од родители на деца со дијабет тип 1 коишто исто така бараат дополнителни количества од инсулините “новорапид“ и “левемир“, апелираме до Министерството за здравство преку своите механизми да овозможи истите тие да дојдат во рацете на оние на кои им се најпотребни – односно како на возрасните така и на децата со дијабет тип 1.

Со почит,
Баланс МК  – Асоцијација за детски дијабет на Македонија