Денешна дата
21/03/2023

Безбедноста на тест!

Легендарниот султан Омар, имал ептен грдо лице. Затоа наредил да ги отстранат сите огледала од дворот. Но, сепак едно била заборавено во едно скришно место. Кога Омар случајно се погледнал, силно почнал да плаче, но брзо престанал. Ама, неговиот везир продолжил да плаче со сиот глас. Што ти пак мора да плачеш? Го прашал Омар. Ваша милост, вие само една секунда си се гледавте и заплачевте, а јас што ве гледам цел живот?!

Многу наши пријатели плачаат за нашите грдотии. Грда економија, грд стандард, грда демократија, грди медиуми. Ама ние самите никако да плачеме. Дури некако чудно се смееме. За плачење беше и настапот на првиот човек на Рамковен договор во Алсат-М. Тој ја отфрлил можноста некој со помош на ДУИ да создаде политичка криза во државата! А поголема морална и политичка криза од оваа катастрофа каде што не функционираат ни закони ни институции, не може ни да има. Нели судовите ги тераат да играат на тепсија; администрацијата ја тероризираат; медимуте ги гебелсизираат; криминалот го фаворизираат. А луѓето уживаат во нивниот сон, оти само во соништата го живеат нормалниот живот. Тешко сфаќаат дека власта е група лешинари, а ние нивен плен. Живи се ама делуваат како мртви. Оти не им е грижа што власта расипнички троши толку големи пари кои нивните деца цел живот макотрпно ќе ги враќаат.

По 100 дена ДУИ се фалела со порази. Пред изборите рекламираше убава фаца, ама тоа им била само ефтина маска. Под неа, чиста грдотија. Ветувала 1)консензуален претседател; 2)едната од трите државни функции; 3)промена на Уставот за претседателот да бида избран од парламентот; 3)решението за името; 4)зачленувањето на НАТО; 5)јазикот да добие потребен третман. Но, ветувањата заглавија кај тендерите, кои рушаат и принципи и закони и морал. И што се случи?! Нема консенсуален претседател, нема ниту едната од трите функции, нема решение за името, нема НАТО, а за јазикот да не збориме. Тој останува зад забите. А Груевски добил гратис коалиција. Наводно за да го реши името (кое самиот го драматизирал). Залудно очекуваат од него да јава бесен коњ и тоа наопаку, а тој докажал дека не сака да јава ниту на дресиран коњ.

Но, додека Груевски добивал, државата смртно загубела. Прикажувајќи се како спасувач на името, тој ја дави целата држава. Никогаш порано не бил присутно во волкави размери мислењето дека заедничкиот живот не е можен. Дека двете најголеми етникуми се заложници еден на друг. Трошејќи го времето на вештачко создадените етнички проблеми, заборавале на нивните витални потреби. За жал, сеуште тука политичарите добиваат оценка по тоа колку ќе ја надитрат другата нација! По тоа кој ќе се продаде како газда на куќата! По тоа кој ќе постави повеќе споменици! Токму тука се крие нашата заедничка трагедија, оти партиите ни продаваат само ветер и магла, а заедничкиот именител им се тендерите и парите.

Факт е дека најчуствителната точка, меѓуетничките односи од година во година се влошуваат, а паралелниот живот е целосно инсталиран. Меѓуетничките караници се разгоруваат или гаснат според потребите на владините водачите. А граѓаните мислејќи дека чуваат некаква национална гордост, заборавале на нивните основни потреби. Не гледаат дека сиромаштијата им ја убива сегашноста и иднината. Дека децата неповратно им бегаат надвор. Дека животот им се распаѓа. А ние поради наша малоумност седиме над опасна потенцијална ѓаволска детонација. Затоа што не можеме да разбереме дека политичарите цело време личната среќа ја градат врз нашата несреќа. А за таа цел не им треба толку голема генијалност, колку што е нашата малоумност. Додека мислевме дека уште е рано за зборење, стана касно за молчење. И сега не ни треба ни техничка, ни технократска, ниту концетрациона влада, туку уривање на власта со демократски средства. Таа е нелегитимна оти извршила тивок државен удар, а нејзините реализатори треба да се соочат со законот. Додека не станува многу доцна.

А Иванов од Њујорк укажа на загрозената безбедност од некакви џихадисти. А поопасни од нив се овдешните владини „џихадисти“. Иванов нека прочита на се побројните и алармантните предупредувања од релевантни центри дека нам безбедносните предизвици ни тропат на вратата. Според релевантни странски анализи, ДУИ веќе не е фактор што може да гарантира безбедност. Пред нас се црни сценарија, поради игнорирањето на НАТО и ЕУ. Неодамна и Европскиот фонд за Балканот, Центарот за југоисточни студии во Грац и Европскиот совет за надворешни работи од Брисел, укажаа на сериозни безбедносни проблеми кај нас. Вакви оркестрирани оценки за дестабилизација не може да бидат случајни. Најопасни „џихадисти“ се токму тие што водат дипломатска и медимска кампања против САД и ЕУ, иако тие ја создале и ја чуваат оваа држава. Оттука отчетот за 100 дена, повеќе се отчет за 300 чуда. Сега стана јасно  за многу луѓе дека многу е потешко да постанеш човек отколку водач. И пред се, да престанеме да се тешиме со тоа дека на другите им е полошо од нас, оти може многу брзо нам да ни биде полошо од нив.

Онлајн магазинот Инбокс7 не секогаш се согласува со ставовите на авторите на колумните. Одговорноста за изнесените мислења се исклучиво на авторот

bilali@inbox7.mk