
Хонорарите го полнат буџетот: тежок удар по џебот на граѓаните
Бизнис заедницата и опозициската се противат на новиот закон, кој предвидува граѓаните да плаќаат придонеси, и покрај тоа што се вработени. Законот не е многу јасен и пред се е нејасна намерата на законодавецот
- Се празни Македонија, се бега од сиромаштијата - 15/01/2015
- Хонорарите го полнат буџетот: тежок удар по џебот на граѓаните - 05/12/2014
- Изаири: Макстил и Југохром не се единствените загадувачи - 11/11/2014
Од 1 јануари 2015 година ќе се применува новиот начин на плаќање на пензиско и инвалидско осигурување и придонесите за задолжително здравствено осигурување за лицата кои што потпишуваат договор на дело, авторски договор или договор за физичка и интелектуална извршена работа, со кои се утврдува надоместокот за извршената работа, која што во нето износ е повисока од минималната месечна плата, која е 8.600 денари, а која од следната година ќе биде 9.500 денари. Ова се однесува на оние кои не се вработени и кои земаат хонорари, но исто така и на вработените кои освен плата, имаат други повисоки приходи од минималната плата. За ваквите хонорари, наместо персонален данок од 10%, од следната година ќе се плаќа и 17,6% за пензиско осигурување и 7. 3% за здравствено осигурување.
Државата ќе се собере 68 милиони евра од придонеси
Во буџетот за 2015 година се предвидува државата по основ на придонеси да собере 68 милиони евра повеќе отколку во 2014 година. Според податоците за 2013 година, во Македонија имало над 100.000 хонорарци и 27.000 лица со договори за авторските права.
Со изменување во Законот за здравствено, пензиско и инвалидско осигурување, според известувањето на фондот не се вклучени договорите за хонорарите на професионалните спортисти, хонорарите на функционерите, пратениците, советниците и други носители на функции, односно избраните и именуваните функционери, надоместоците врз основа на стипендија и договори за јавни работи, кои се потпишани од страна на општината. Исто така нема да се плаќаат социјалните придонеси, а ниту пак договорите за волонтирање, надоместоците за судиите, поротниците, за лицата кои што се занимаваат со правна експертиза, стечајните управници и за корисниците на пензија. Физичките лица кои што потпишуваат договори, кои се особено повисоки од минималната плата, а колективно го надминува износот на минималната плата, имаат обврска договорите да ги пријават во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ). Со новите измени ќе се направи осигурување на лицата кои што немаат социјално осигурување, односно не се во работен однос или се самовработени.
Како се одредува основата за осигурување во одредени случаи?
Основата за осигурување на месечно ниво е бруто придонесот наведен во договорот, поделен со периодот на времетраењето на договорот. Ако нема одредено времетраење на договорот, основата за плаќањето на придонесот е бруто придонесот за секој месец до моментот на завршување на договорот.
На пример, ако договорот за 6 месеци во бруто износ е во висина од 90.000 денари, износот се дели на 6 месеци и бруто месечна основа е 15.000 денари, значи е повисока од минималната плата за работниците во текот на следната година, што значи дека ќе бидат платени социјалните придонеси. Ако договорот е постигнат за 6 месеци и е во висина од 50.000 денари, се дели на 6 месеци и бруто месечна основа е во висина од 8.333 денари и не се плаќаат придонеси за осигурување, бидејќи основата е под минималната плата. Дури и ако договорот започнува на 10-ти во месецот, а бруто надоместокот е 9.000 денари, се врши плаќање на осигурувањето, бидејќи износот е повисок од минималната основа.
Како реагираат стопанските субјекти?
Но, и покрај тоа што хонорарците ќе ги плаќаат придонеси за социјално осигурување, нема да ги уживаат правата што им следуваат со Законот за работните односи, како што платен годишен одмор и боледување. Против законски измени во однос на хонорарите реагираат и стопанските субјекти.
Според Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ), новите промени ќе извршат притисок врз работодавачите, кои наместо да ги пријавуваат работниците кои се во редовен работен однос, ги плаќаат по договор на дело, иако работат по 8 часа дневно.
“На тој начин работниците ќе се остварат сите права од работен однос, но, исто така, ќе помогнат за пополнување на две фонда, кои се во многу тешка финансиска состојба“, вели за Инбокс 7, Ангел Димитров, претседател на ОРМ.
Стопанската комора на Северо – Западна Македонија (СКСЗМ), пак, оцени дека оваа одлука уште еднаш ја потврди констатацијата на оваа комора дека државата не може да се справи со актуелната економска ситуација.
“Предвидените средства или подобро кажано економијата на земјата, не можеше да ги истрпи ветувањата дадени од страна на ВМРО и со цел таа да ги оствари истите, се обидува со најразлични инструменти да собере средства, кои вклучуваат различни казни и Законот за оданочување на хонорарците“, изјави за Инбокс 7, Мендерез Кучи, претседател на СКСЗМ, додавајќи дека е против селективноста на законот, бидејќи тоа исклучува различни категории.
“Секако дека бизнис заедницата не оправдува и не прифаќа една таква мерка, но останува приврзаник на тоа владата да ги испружи нозете колку што е долга чергата, сугестија која и е дадена и во последниот извештај за напредок на ЕУ“, рече Кучи.
На удар и невладиниот сектор
И Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ) е против не вклучувањето на некои професии во овој закон.
“Најголемата негативност на новото решение е нееднаквоста, бидејќи некои професии не се дел од законот. Станува збор за надоместоци на членовите во управни или надзорни одбори, кои ќе плаќаат придонеси а не се пријавени во системот за придонеси за социјално осигурување, односно не се вработени. Исто така од плаќањето на придонеси се ослободени и судиите, поротниците, стечајните управници итн. Таа ги става граѓаните во нерамноправна положба пред законите“, рече Ангел Димитров претседател на ОРМ.
Хелсиншкиот комитет (ХК), пак, реагираше против овој закон, бидејќи со овој закон на удар е и невладиниот сектор.
“Законот не е многу јасен и пред се е нејасна намерата на законодавецот, а се знае дека со овој закон најпогоден ќе биде невладиниот сектор, кој генерално функционира врз основа на исплата на хонорарите“.
“Очекуваме многу невладини организации да го почувствуваат овој закон, а можеби и некои ќе згаснат, поради неможноста да го регулираат ова прашање соодветно“, се вели во реакцијата на Хелсиншкиот комитет.
Против новиот закон, исто така, реагираше и опозицискиот Социјалдемократски Сојуз на Македонија (СДСМ). Оваа партија бара од плаќањето на дополнителните придонеси да се изземат вработените кои земаат хонорари.
СДСМ бара вредноста на хонорарите, за кои што треба да се плаќаат двојни придонеси, да биде 12.700 денари, а не 9.500, додека оние кои земаат повисоки хонорари треба да плаќаат повисоки придонеси.
Иако тоа е прашање што погодува многу граѓани, албанските партии не се произнесоа во врска со ова, а ДУИ во Собранието ги поддржа законските измени.
Уредник: Селим Ибраими