Денешна дата
02/07/2022

Пет минути пауза за пратениците траат половина ден

Кога пратениците прават пауза од пет минути, тоа знае да трае речиси половина работен ден – така беше денеска во комисиската расправа за предложените измени на законите за образование

Собраниската комисија за образование, спорт и наука не успеа и по два и пол часа пауза да ја продолжи работата на предложените измени и дополнувања на Законот за високо образование, меѓу кои и оние кои бредизвикаа бура од реакции, протести и поделби во професорскиот кадар.

Олга Најдовска, претседателка на Комисијата, по получасовна расправа за предложените реформи во основното и во средното образование во  11.05 часот  најави пауза од пет минути. Тие пет минути за пратениците траеја повеќе од два и пол часа, а беа прекнати кога во 13,39 часот повторно Најдовска се појави во собраниската сала најавувајќи пауза до 14,30 часот.

Пред да почне денгубењето на пратениците, во собраниската Комисија за образование се расправаше за предложени измени и дополнување на Законот за основно образование и на Законот за средно образование, во второ читање. Орхан Ибраими, пратеник од ДПА обвинуваќи дека министерот за образование Абдулаким Адеми нема капацитет да повлече учебници кои имаат националистичка содржина, навредлива за Албанците, најави дека неговата партија ќе гласа против сите амандмани предложени од ДУИ и од ВМРО – ДПМНЕ.

Пратеничката Солза Грчева, со квалификација дека „сите закони што доаѓаат како предлози од Министерството за образование имаат фалинки„ се осврна на предложено решение за основците со кое се стимулира изучување на предметите математика и природни науки, на сметка на предметите по уметност и музика: