„АЈДЕ!” за случајот „Пуч“ Граѓаните имаат право на вистината!
Ние, членовите и поддржувачите на АЈДЕ! – Платформа за граѓанска политика, со големо внимание, но и со голема загриженост ги следиме настаните поврзани со случајот „Пуч“. Сметаме дека граѓаните на Република Македонија мора да ја дознаат вистината, затоа што, тоа е нивно право и од тоа зависи нашата иднината, но и иднината на нашата држава.
Ние, граѓаните, едноставно и единствено, ја бараме вистината!
Знаеме дека постојат организации и поединци кои ја следат ситуацијата и кои ќе застанат во заштитат на правата на граѓанките и на граѓаните. Бараме простор за нив во јавноста! Внимателно ги следиме медиумите, критички размислуваме, и препознаваме кој организирано и тенденциозно шири дезинформации и страв во јавноста, а кој информира и објавува факти.
За нас е најважна вистината и затоа, бараме да се објави без какви било притисоци, закани и уцени спрема оние кои сакаат да ѝ служат.
Свесни за нашето право, бараме од државните институциите да не ја заробуваат слободата. Бараме од власта и од партиите, да се однесуваат одговорно и да не се ставаат над Уставот и над законите!
АЈДЕ! да се бориме за нашето право на вистина и на слобода!
——–
„АЈДЕ!”- Платформа за граѓанска политика претставува неформална, но организирана група слободоумни поединци со различни идеи и ставови, која сака да ги зајакне и здружи расцепканите демократски сили во земјата. „АЈДЕ!” се стреми да ја врати моќта за носење политички одлуки во рацете на граѓаните на Република Македонија.
- ИНБОКС7 – ЗАТОА ШТО ВИСТИНАТА Е ЕДНА - 27/10/2018
- Европскабајканаместомелемна раната - 27/10/2018
- СВЕТЛО НА КРАЈОТ НА „ТУНЕЛОТ“ - 27/10/2018