Денешна дата
21/03/2023

Студентите на УКИМ помагаат на настраданите од поплавите

Студенти на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје се организираат  да им помогнат на настраданите од поплавите. На иницијатива на Студентскиот парламент на УКИМ, студентите со гумени чизми, лопати, ракавици и заштитни маски, денес се упатија кон селата каде најмногу им е потребна помош.
“Студентскиот парламент покрена иницијатива да отидеме на мештаните да им помогнеме, да ја исчистиме калта од нивните куќи  и да помогнеме во целата ситуација. Во  акцијата учествуваа повеќе студентски организации, дел од нашите луѓе веќе тргнаа да носат од донациите и помошта што сакаме да ја дадеме. Со организиран превоз на ЈСП ќе одиме во селата, најверојатно ќе одиме во населбата Економија бидејќи таму има најмногу потреба од наша помош”, изјави претседателот на Студентскиот парламент на УКИМ, Давор Поповски.