Денешна дата
21/10/2021

Споменик за Груевски

Во древна Индија, еден алчен водач сакал да стане Бог. Го повикал главниот свештеник и му наредил – никогаш повеќе да не го спомне името господово, оти за глава ќе остабе понизок. Му вели – “зар не гледаш дека само во мојата палата има светлина, а се наоколу мрак и темнина“. Не помина многу време, водачот тешко се раболе. Молел за помош на сите страни ама фајде немало. На крајот заповедил да му го донесат свештеникот. Водачот се пожалил дека во палатата гледа само мрак и темнина. Ја снема светлината. Свештеникот му возврати – светлината и темнинатат често ги менуват страните.

И кај нас се помалку светлина. Се наоколу темнина. Светлина има само во владините простотии, а се наоколу тотален мрак. Мрачни сили се затемнеа во државата. Тие сили владеат само со помош на мракот и поделбите. Луѓе поделени по сите основи: антички – словенски; патриоти – предавници; верници – еретици; подржувачи на власта – странски платеници. Следи поделбата: Македонци – Албанци; христјани – муслимани; чувари на државата – уривачи на државата; непринципиелен запад – пријателски исток…

Ова е веќе националсоцијализам на квадрат. А сите молчат, дури од страв и подржуваат. Молчи и меѓународната заедница, дури и за очигледни криминали. Молчат медиуми, интелетуалци, невладини организации. Груевски странците цело време ги лаже дека ќе го реши името кое самиот го драматизирал за да ја елиминира евроатлантската агенда. Тоа го знае и Филе кој од само нему познати причин продолжува да го подржува ваквиот до срж корумпиран режим, кој веќе претставува опасност за регионот. Оти ќе охрабри други диктаторски претенденти во регионот. Како е можно да се подржува режим кој гази по слободата на медиумите, по иднината на граѓаните, по нивното достоинство?!!! Нели по економијата сега наликуваме на Ангола? Нели по демократијата наликуваме на Зимбабве? Нели по вледеењето на правото наликуваме на Сомалија? Нели по сиромаштијата сме на врвот? Според Светската банка, Македонија ја имаат напуштено околу 450.000 граѓани (и тоа највитални). Се подржува владеење кое немсто со леб, таа не храни со омраза. Која за едниот национализам е слепа а за другиот е големо око. За едниот е глува, а за другиот големо уво. Едниот национализам го стимулира, а дригиот го провоцира. Само за да бидат две зла. Тогаш е полесно. Таа ги задуши медиумите, во време кога требаше да го ислуша не само кажаното, туку и премолченото. И сега луѓето можат да зборат отворено само зад затворени врати. Тука и (не)моралот си добива пазарна цена. Што понизок морал – тоа повисока цена. Таа стана пазарна стока лесно конвертирана во пари или во некоја друга незаслужена вредност.

Антиката се повеќе ни наликува на Тројански коњ. До таква силна преговорачка позиција Грците не можеа да дојдат ни со совршена дипломатија, ни со атрсономска сума пари, ни со подарување острови. Поради апсурдна политика ние загубивме епокални балкански проекти вредни десетина милјарди евра. Го загубивме Коридорот осум, со сите попратни компоненти; го загубивме гасоводниот транзит; ја загубивме геополитичката позиција; го загубивме евроатлантскиот пат; ја загубивме демократијата, правната држава, институциите. А добивме диктатура, криминал и сиромаштијата. Ни останаа само мртвите споменици кои го јаделе лебот на живите луѓе. Затоа Грците му долѓжат на Груевски еден грандиозен споменик во центарот на Атина.

Одговорноста ја имаат и албанските партии, кои нога ќе кршат за да му сеомилкуваат наГруевски. А тој ги понижува и се поигрува со нив. Оти и по 24 години не успееле да дефинират која треба да биде дел о двласта, а која опозиција. Но, се си има свој крај. Блиску е моментот кога луѓето ќе сфатат дека на вистината не и требаат многу зборови, а на лагате секогаш ќе и фалат. Тачи изгледа е охрабрен од Груевски дека дури и со еден пратеник, ДПА ќе биде дел од власта. А ДУИ од страв никако не допушта Алабнците да гласат по свое убедување. И тоа во име на накаков “консензус“ што самите самоволно го предале (цензусот од 50 проценти за избор на претседател на државата). Додека кај политичарите важат законите на математиката дека и “нулите“ имаат големо значење, граѓаните треба да сфатат дека загубиле многу. Дури премногу. Загубиле екзистенција, иднина и достоинство. Оти ги водат луѓе со празен морал, со празен дух, со празно знаење,ама со полни џепови. Но всетлината патува со светлосна брзина.

Онлајн магазинот Инбокс7 не секогаш се согласува со ставовите на авторите на колумните. Одговорноста за изнесените мислења се исклучиво на авторот.

bilali@inbox7.mk