
May 5, 2014 14:51
Против корупцијата преку истражувачко новинарство
Центарот за истражувачко новинарство СКУП-Македонија, в понеделник, ќе го промовира проектот „Подигнување на јавната свест за корупцијата преку истражувачко известување“. Во рамките на проектот ќе бидат поддржани најмалку 16 истражувачки стории, со фокус на корупцијата и криминалот во сите сфери од општеството.
Проектот се имплементира втора година по ред и е поддржан од американската фондација National Endowment for Democracy (NED) со седиште во Вашингтон.
СКУП-Македонија ги охрабрува сите новинари, без разлика на професионалниот ангажман да аплицираат на повикот кој ќе го објавиме во наредните денови на веб страницата на СКУП-Македонија www.scoop.mk.
Latest posts by Администратор (see all)
- ИНБОКС7 – ЗАТОА ШТО ВИСТИНАТА Е ЕДНА - 27/10/2018
- Европскабајканаместомелемна раната - 27/10/2018
- СВЕТЛО НА КРАЈОТ НА „ТУНЕЛОТ“ - 27/10/2018