Пендаровски: Идејата за размена на територии помеѓу Србија и Косово е „запалка“ за нова војна во регионот
- „Не смеат да се менуваат границите на Балканот. Најдобар рецепт за правење на конфликт на Балканот е да ги менуваш границите.“
- „Со членството во НАТО земјата ја има загарантирано стабилноста.“
- „Немам заштедено ниту еден денар во изминативе 5 години. Дома живееме со две професорски плати.“
Интервјуирал: Горан Лефков
Инбокс7 започна серија на интервјуа со кандидатите за претседател на Република Северна Македонија. Испративме барања до тројцата кандидати за претседател, Гордана Сиљановска- Давкова, Блерим Река и Стево Пендаровски. Прв на поканата на Инбокс7 се одзваа Стево Пендаровски, кандидат на партиите на владејачката коалиција.
Разговаравме отворено за неговите ингеренции и ставови доколку тој биде избран за претседател, за надворешната политика на земјава, за глобалната политика и за Балканските прилики и опасностите за земјата. Според него, запалката на војната многу лесно може да пламне доколку некој ги чепне границите.
„Размената на територии помеѓу Косово и Србија е најлошата идеја која сум ја слушнал во последните 10 години. Ако на Балканот некој размислува да преуредува граници, тоа е рецепт за војна“, смета Пендаровски.
Тој зборуваше и за влијанието на странските служби во Северна Македонија, а од приватниот живот ќе потенцира дека нема дополнителни заштеди од тоа што пријавил во имотниот лист иако платата му била 68.000 денари.
За повеќе информации за Стево Пендаровски и неговите ставови и насоки гледајте го видеото.
- Quo Vadis, Македонијо? - 25/01/2023
- КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА- побуда за извршен злостор - 17/01/2023
- КОМУ МУ СМЕТА СЕМЕЈСТВОТО КОСТОВСКИ - 27/12/2022