Денешна дата
21/10/2021

Криза или блеф

Кралот Артур како замена за својата смртна казна, морал да пронајде одговор на прашањето: – Што сакаат жените? Прашувал кралици, принцези, чесни сестри, професорки, проститутки, но никако не добил соодветен одговор. Му рекле дека одговорот единствено може да го најде кај лошата вештерка која живеела на крајот на селото. Но, таа за да одговори на прашањето, го условила Артурда среди таа да се омажи за неговиот близок пријател Сер Гавејн. А како кога таа била толку грда, грбава и само со еден заб?! МислелАртур во себе. Погрдо суштество Артур немал видено порано. Но, когаГавејн дознал за условот за неговиот пријател да остане жив, се согласил да се ожени со вештерката. Одговорот на поставеното прашање бил: „секоја жена сака да биде господар на својот живот“.

Конечно дошло времето на првата брачна ноќ. Вештерката на момент влегла во тоалетот и по кратко време се вратила како многу убава принцеза. Ништо поубаво немал видено порано Гавејн. Сопругата му објаснила дека таа има двоен живот, како вештерка и како принцеза. Ако дењее вештерка, ноќе ќе биде принцеза и обратно. Но, таа му даламожност самиот Гавејн да избира кога таа да бидевештерка, а кога принцеза.Гавејн бил во голема дилема дали да се согласи со тоа сопругата дење да изгледа како принцеза со што ќе се пофали пред светот, ама ноќе да спие со вештерка, или,пак,да постапува спротивно за да има принцеза во креветот. На крајот, тој одлучил таа самата да избере. Од тој момент, таа вечно изгледала како принцеза, бидејќи мажот ѝовозможил да биде самата господар на својот живот.

Овдешните политички партии не даваат шанса луѓето да бидат самите на себе господари. Овде сè е партизирано, и светлината, и воздухот, и водата, и облаците, и дождот… Ја имаатпартизирано и душата на гласачите. Па затоа имавме толку срамни избори. Ниеден странски државник не ни честитал за нив. Иванов стана жива комедија во ДИК. Тешко му е да разбере дека подобро една тажна вистина отколку една радосна лага. Неприфаќањето на мандатите од страна на СДСМ претставува тежок удар за власта, и тоа не само поради легитимитетот на изборите туку и поради тешките претстојни одлуки што треба да се донесат во блиска иднина. Името ќе мора да се реши ако сакаме стабилност и развој. За ДУИ, септемврискиот самит на НАТО е последен воз, па оттука клучна точка од можниот договор ќе треба да биде прашањето на името. Мислам дека нема да биде голем проблем легитимитетот на Иванов, ниту едната од трите функции, туку едноставно прашањето за изнаоѓање решение за името. Факт е дека на Ахмети не му е баш лесно по толку бучава за консензуален претседател, да ретерира и да го признае легитимитетот на Иванов (без уставни промени), но прашањето на интегрирање во НАТО има апсолутен приоритет.

Груевски тука нема голем маневарски простор. Тој е познат по тоа што е вешт во тактиката, но невештво стратегијата, продолжува со евтини трикови да блефира дека има резервен пат, кој, впрочем, може да биде само пеколен пат. Блефира дека ДПА ќе го земе како владин партнер, но тогаш ДУИ ќе го напушти Собранието, така што половината пратеници ќе останат надвор од Парламентот.Блефира дека ќе коалицира само со македонскиот блокпартии или ќе се пресврти кон Русија, но сите овие блефови наликуваат на инфантилен револт на напуштена љубовница. Но, не се исклучува и тоа вистинската цел на Груевски да биде создавање тешка политичка криза за да не го реши името.

Вакви како што сме, имаме Парламент без легалитет, Претседател без легитимитет, Премиер без кредибилитет, судство без правен авторитет. Тука се гледа крајот. Вака завршуваат сите политики засновани во лаги. Факт е дека додека вистината ги врзувала чевлите, лагата го обиколилацелиот свет, но кога и да е таа завршува во кањон. Сега наликуваме на еден брод кој не знае каде плови, а таквите бродови не стигнуваат никаде. Нему не му помагаат ниедни ветришта кои и така дуваат од сите страни. Вакви бродови завршуваат како пиратски бродови. А сега сите ние наликуваме на Кристофер Колумбо. Тој кога тргнал не знаел каде оди, кога стасал не знаел кај се наоѓа, а кога се вратил не знаел каде бил!!!Изгледа има шанси подолго време да бидеме присилени да спиеме со вештерка.

Онлајн магазинот Инбокс7 не секогаш се согласува со ставовите на авторите на колумните. Одговорноста за изнесените мислења се исклучиво на авторот.

bilali@inbox7.mk