Денешна дата
01/12/2021

Скопски маратон 2014

фотографии: МИА

Професионалци, рекреативци, љубители на спортот, луѓе кои од хуманитарни причини решија да истрчаат колку што „ќе издржат”, се дел од профилите на учесниците на најмасовното спортско збиднување некогаш одржано во Република Македонија. Повеќе од 300 маратонци, 1000 полумаратонци и над 4500 учесници во хуманитарната трка е бројката која ќе остане предизвикот кој ќе треба да се надмине, веќе следната година.

Овогодинешни победник и нов рекордер на главната маратонска трка во машка конкуренција е Емануел Самал од Кенија со време од 2 часа 14 минути и 24 секунди. Второпласиран е Јулиус Кипруто  Куто од Кенија со време 02:21:46, а третото место го освои Даниел Мучуну Мванги од Кенија со време 02:30:52.Во женска конкуренција победата ја однесе Луси Вамбуи Муриги од Кенија, остварувајќи време од 2 часа 37 минути и 45 секунди. Второто место го освои Росина Кибоино со време 02:44:03, а последното место на пиедесталот го освои Тунде Сзабо со време 02:48:20.

maraton skopje4 maraton skopje3 maraton skopje2 maraton skopje1