Денешна дата
02/07/2022

ПРИМЕРОЦИТЕ НА КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО

Пишува: Бардуљ ЗАИМИ

Универзалното културно наследство останува триумф на човечката душа над еродирањето на времето. Ова наследство ја претставува креативната страна на човечкото битие кое преживува, знаците на човековата егзалтација низ времето. Културата во суштина претставува диференцијација на човекот од  природата. Целокупната културна продукција низ векови, сите манифестации на материјална и духовна култура создадоа неповторлив универзум на човечки суштества што се пренесува од една во друга генерација. Во ова заедничко човечко наследство се среќава минатото, сегашноста и иднината.

Човечкото суштество не ја препознава само сегашноста, туку напротив го препознава величествието на минатото, кое доаѓа преку многубројните дела на креативниот дух. Низ вековите човечкиот живот ја стекна смислата преку создавањето на тој макотрпен процес и безброј напори кои го создале културниот универзум во кој распространува постоењето на човекот како единствено и неповторливо суштство. Минатото доаѓа во нашето време како тестамент за наследство, со сета убавина и сјај култивиран од креативниот дух.

Во светот има илјадници објекти кои го претставуваат наследството на светската култура. Таква е катедралата Нотр Дам во Париз, која сега стана величествен споменик на ова наследство кое се појавува горделива и со неспоредлив шарм низ осумте века. Сите оние кои ја посетиле катедралата имале можност да ја видат величествената убавина, што ја претставува, како што се вели, готската архитектура.

И покрај оваа дефиниција дека оваа катедрала припаѓа на готската архитектура, писателот Виктор Иго, во романот ” Богородичната црква во Париз” (Notre-Dame de Paris), објаснува дека арихетктурата на катедралата не е само готска, туку ги задржува елементите на римската уметност во себе. Во целокупното производство на културното наследство има и слоеви на претходни стилови, кои потоа апсорбирани од креативниот дух дадоа други неповторливи примероци на уметноста и културата.

Фаталниот оган деновиве го уништи токму овој примерок на универзалната архитектура, кој одамна ги обезбеди величината и восхитот на луѓето од целиот свет. Тажна вест што допре до срцата на многу луѓе. Пожарот што стана светска вест ги оддалечи луѓето од секојдневниот живот, па дури и од гротескните “маали”. А „поплави„ од жална реакција и солидарност, исто така, се појави и на социјалните мрежи. Тоа изгледа како некаква идентификација, еден вид надминување на обичната ситуација со уметничка естетика. Можеби не секој може длабоко да ја разбере важноста на ова архитектонско ремек-дело, но сите се проектираат себеси во заедничко светско наследство кое ја рефлектира со споствената величина.

Катедралата Нотр Дам најверојатно немаше да ја има оваа глобална популарност без таа моќ и креативна убавина дадена од писателот на европскиот романтизам Виктор Иго. Е токму неговиот роман “Богородичната црква во Париз”, што ја направи позната кај читателите од сите народи. Ликовите, Есмералда и Куазимодо ќе бидат отелотворени со големата страст на љубовта и гротескниот екстериер, додека деталите од задниот дел на катедралата ќе се овековечува како архитектонско дело со титулата “Нотр Дам де Париз”.

Со текот на времето, оваа катедрала беше демолирана, додека за време на Француската револуција истотака претрпи бројни уништувања. Иго со моќта на неговата душа повторно ја крена оваа катедрала, понекогаш како позадина а понекогаш како фокус на деталите. Тој не беше возбуден од реставрациите кои беа направени по револуцијата, бидејќи Иго ги ценеше нејзините оригинални форми без последователни дополнувања и корекции.

Романот на Виктор Иго, кој ќе пронајде место и инспирација и во други жанрови како што се театарот, филмот и операта, ќе му дава вечна возвишеност на оваа катедрала, која ќе биде инспирација за многу посетители од целиот свет. Катедралата Нотр Дам останува симбол по својата архтектонска уникатност, но и урбан симбол на идентификација со убавината и човечката љубов што се појавува преку романот на Иго.

Овој преплет се појави по тажните вести кој ги солидаризира милиони луѓе ширум светот. Идентификација со она што е надвор од секојдневната навика и здодевни рутини. Целото светско наследство всушност ја претставува оваа неповторлива вредност. Таа ја претставува величината на минатото што доаѓа како инспирација за сегашноста и за човечката иднина.

Несомнено, секогаш кога се оштетуваат или уништуваат од разни причини вакви наследени богаства, солидарноста на луѓето останува неспорен, бидејќи неопходни остануваат чудата што доаѓаат од далечни времиња за да и се збори на нашето време и иднината. Веќе постои меѓународна конвенција одобрена од УНЕСКО во 1972 година во Париз за зачувување на ова светско наследство преку кое се дефинира и заштитува културното и природното наследство.

Секој објект што го претставува културното наследство ужива заштита од оваа Конвенција. Секој објект е неповторлив примерок на светското културно наследство. Без ова наследство, човечкото суштество би ризикувало да живее во униформирана сегашност. Ова наследство му дава значење на сегашноста и на иднина.

И покрај штетата предизвикана од пожарот, веќе е најавено дека катедралата Нотр Дам ќе биде “обновена” од пепелта со иста брилијантност. Ова не е штета само на ова катедрала, туку е најголемата штета низ векови. Се разбира, волјата за “реконструкција” е голема. Ваквите архитектонски објекти ја претставуваат прекрасната убавина на творечката генијалност. Во прилог на овој погодок оди една изјава на еден архитект: “Архитектурата е триумф на душата над силата на гравитацијата”!

 

Текстот е напишан исклучиво за Инбокс7. За секое реобјавување треба да се добие согласност од страна на редакцијата. Инбокс7 не секогаш се согласува со ставовите и видувањата на авторите во рубриката за дебата.