
Добив позитивен извештај за влез во ЕУ. Бев на интервју за бугарски пасош
пишува: Миле Ѓорѓијоски
***
Не ме загрижува ако и овој пат го испуштиме последниот воз за Европа. Пешачењето е здрава работа. ***
Ќе морам да барам алтернативни патишта за влез во ЕУ. Ми го одбија барањето за бугарски пасош. ***
Среќа наша што Србија го пушти во употреба автопатот кај Грделичка клисура! Го скрати времетраењето за нашиот влез во ЕУ!
***
Ѓаволот пред нас замина во Европа. Ја однесе шегата. Ние сме против групашења, затоа и во ЕУ влегуваме еден по еден.
***
Ние строго ги почитуваме европските вредности. Даваме мито во евра.
ПРЕПОРАКАТА ЗА ЕУ СТИГНА, НО ДАЛИ ПРЕДВРЕМЕ СЛАВИМЕ?
- Еуростандард банка- лице и наличје - 21/06/2022
- Костовски до Ковачевски- Еуростандард банка извештајот е готов - 14/06/2022
- Руски рулет и Дон Кихот на македонски начин - 07/06/2022