Денешна дата
26/06/2022

Нормално е болните за власт да ни ветуваат бесплатно здравство!

пишува: Миле Ѓорѓијоски

 

***
Морав да му дадам мито на докторот! Еднаш се живее.
***
И во Македонија има луѓе што веруваат во бесплатно здравтсво.
Оние што чекаат времето да ги излечи раните.
***
Тој веќе не учи на грешките. Наместо на лекарот му плати на попот.
***
И болните за власт тешко доаѓаат до „Мој термин“.
Ама само кај лидерот на партијата.
***
Комшијата веќе не чека времето да му ги излечи раните.
Нека му е лесна земјата.
***
Лекарските грешки најмноги чинат, ама само кога ги наплаќаат поповите.
***
Лекарите не смеат да отвараат погребални претпријатиа!
Постои судир на интереси.
***
Лекарите учат, а поповите печалат на нивните грешки!
***

 

СЕРИЈАЛ ВЕТЕНО – НЕИСПОЛНЕТО: ТРИ ГОДИНИ ЧЕКАМЕ БЕСПЛАТНИ ЛЕКОВИ