Денешна дата
02/07/2022

ОТВОРЕНИТЕ ЛИСТИ, КРАЈОТ НА ПОЛИТИЧКИОТ ТРИБАЛИЗАМ

Пишува: Бардул ЗАИМИ

Вечната транзиција произведе и создаде политички партии кои во суштина се авторитарни. И покрај демократските акроними, одлучувачката политичка моќ му се припишува на лидерот како еден вид авторитарен архетип кој ја одржува живата “кохезијата” во партиската организација. Огромното зајакнување на лидерот останува типичен балкански феномен. Авторитативна рефлективна слика кој го диктира секое политичко движење во рамките на партијата, понекогаш дури и во типичните форми како еден вид натприроден и сезнаен човек.

Ова зајакнување во никој случај не било пристрасно, напротив, тоа е поттикнато и потхрането од партиски кругови често со трибална свест. Врвот на пирамидата, кој се храни од врвовите на помалите пирамиди, целосно подложени на проектираната сенка од доле како можност за трајна политичка егзистенција и привилегии.

Со текот на времето во Северна Македонија, е создаден бескрајниот модел на партијата-лидер како форма на политичка организација, но и како “демократска” логика. Со неколку исклучоци во одредени периоди, партискиот лидер беше единствениот концепт на фокусирање на политичката моќ на само едно лице, а некои околу нив, и како единствена политичка семантика во просторот на демократијата.

Овој концептуален рецидив од претходните времиња на едноумие, овој тип на структурирање на политичките субјекти го произведе човекот- партија, култура-партија, општество-партија и, конечно, држава-партија. Овој недостиг на демократска култура, наместо натпреварувањето на идеи, создаде слугинско обожавање и неука послушност во искачувањата до врвовите на пирамидата на политичката моќ.

Слепа во суштина и бескомпромисна во макијавелилистичките амбиции, оваа политичка сила е целосно дехуманизирана и секогаш ставена во функција на партиското семејство.

Сите партии без исклучок го поттикнаа овој политички клански археотип во корист на внатрешните олигарси и на штета на демократското одразување. Оваа анахрона и квазидемократска матрица отсекогаш започнала од изборните листи, таму каде што реално е направен изборот на партиската послушност и посветеност на авторитарните нијанси. Овие листи ја создадоа униформноста и заживувањето на политичките партии, циркулирајќи во секоја изборна сезона истите здодевни лица кои потоа се продаваат како единствени партиски вредности.

Овој авторитарен и клански затвор кој повеќе се засилуваше од партиските кругови етаблирани во “вечноста” на привилегиите, ја направи невозможна дисперзираноста на функциите и власта во другите слоеви кои не биле понесени од оваа трибална логика. Изборниот систем со затворени листи и со шест изборни единици ги бункеризираше партиите и целосно ги затвори за новите вредности. Нови вредности во овој случај се подразбираат луѓето со нови идеи, а не нови лица заштитени од истата трибална логика. Овој изборен систем, исто така, им оневозможи на помалите политички партии да бидат претставени, што всушност претставува додадена вредност за демократијата. Овој систем го оправдува политичкиот плурализам само како форма, додека суштински фаворизира политички елити и олигархиски проекции.

Идејата за отворени изборни списоци, промовирана од претседателот Пендаровски, останува можност да ги отстрани бункерските партии кои преку лидерско послушаниост ја носат сета ‘рѓа во државните институции и општеството во целина. Овој изборен модел со отворени листи и една изборна единица ќе обезбеди можности за деконструкција на политичката моќ, но пред се ќе им овозможи на граѓаните да избираат пристојни и достојни претставници, и покрај тоа што изборот до сега служеше само како партиски дрес од врвот на пирамидата на лидершипот на политичкиот трибализам.

Овој модел ќе биде почеток на крајот за човекот-партија, институцијата-партија и општество-партија. Правилната демократизација треба да почне од политичките партии, кои остануваат носители на институционалниот живот. Ако оваа демократизација не се направи со самоопределување, која е навистина секогаш е утопија за нашата политичка култура, тогаш тоа треба да се направи преку притисокот на граѓаните и институционалниот механизам што подразбира промени во Изборниот законик.

Време е да се помине во друга фаза на политички и демократски новини кои се во маргините. Сенките на бункерните партии сега не можат да ги задржат блокирани општествените вредности и моделот на достоинствена застапеност и човечки интегритет. Авторитарните одлуки треба да отстапат место на одлуките преку дебата и професионалните одлуки. Политиката конечно мора да се отвори за други институционални и демократски чувствителности. Партиските лидери сега изгледаат здодевни како самиот период на транзиција, кој само произведува партиско обожавање и послушност. Политиката и демократијата се повеќе од тоа. Можеби ова може да биде утопија!

 

*Текстот е напишан исклучиво за Инбокс7. За секое реобјавување треба да се добие согласност од страна на редакцијата. Инбокс7 не секогаш се согласува со ставовите и видувањата на авторите во рубриката за дебата.