
ПАЗАР СО ПРАВДАТА ИЛИ РЕФОРМИ ВО СУДСТВОТО: ЗОШТО НЕ МОЖАТ ДА СЕ ДОГОВОРАТ ВЛАСТА И ОПОЗИЦИЈАТА?
- Секоја средба партиите со нови предлози за новиот закон за јавно обвинителство.
- Опозицијата предлага тие да номинираат нов обвинител на местото на Вилма Рускоска, додека власта предлага Обвинителството за организиран криминал и висока корупција да биде поделено, од кое главен обвинител на висока корупција да предложи опозицијата.
- Пред новата средба секој со свој предлог закон за Јавното обвинителство.
Пишува: Светлана Унковска
По неколку средби на работните групи, власта и опозицијата и натаму со свои, различни предлози за новиот Закон за јавно обвинителство. Кои се предлозите кои ги нудат за договор и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ го бара местото на Вилма Рускоска, владејачката СДСМ, пак, да има поделено обвинителство, едно за гонење организиран криминал и друго за висока корупција.
Антонио Милошоски, кој е дел од преговарачкиот тим на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека за нив е неприфатлива поделбата на Обвинителството за организиран криминал и корупција.
„Ние сметаме дека досегашниот стандарден модел треба да се задржи, да остане Обвинителството за гонење на организиран криминал и висока корупција како единствено, неподелено обвинителство, да нема нови хибридни решенија, а самото преземање од страна на ова обвинителство на надлежностите на досегашното специјално јавно обвинителство доколку се донесе закон за истото да вклучат и методологија за избор на новиот обвинител за организиран криминал при што опозицијата, Собранието и Комисијата за избори и именувања ќе имаат битна улога“, истакна Милошоски
Од вчера опозициската ВМРО-ДПМНЕ предложи и формирање Анкетна комисија со мандат да истражи и утврди прекршување на законите и злоупотребите во работењето на Специјалното јавно обвинителство. Со него се бара и хронологија на настаните и околностите во врска со надлежностите на обвинителството, потоа за законитост во постапките на обвинителството. Исто така се бараат и наоди за материјално и финансиско работење на обвинителството, како и разгледување на начините на вработување и сомневање за постоење непотизам. Во предлогот се бара Анкетната комисија да изготви и наоди кои ќе бидат основ за поведување постапка за утврдување на одговорност на обвинителите и носителите на јавните функции инволвирани во ова обвинителство.
- Еуростандард банка- агонија без крај - 07/03/2023
- Собрание на Република Македонија – соучесник во стечајот на Еуростандард банка - 21/02/2023
- Дали има крај - 14/02/2023