
May 16, 2014 15:38
Местото на големата трагедија – без сигнализација
Latest posts by Искра Опетческа (see all)
После сообраќајната несреќа што се случи во вторникот помеѓу воз и автобус на транспортното претпријатие „Струмица експрес“, читател на Инбокс7 ни испрати фотографии од кои се гледа дека истиот воз сообраќа без светлосна сигнализација и кренати рампи. Фотографиите се направени утрово кај железничкиот премин Овче поле кај Лозово, на патот Велес-Кочани-Велес.
Во несреќата беа повредени 32 патници кои според последните информации од Клиничкиот центар во Скопје сите се надвор од животна опасност.
Јавното обвинителство од Штип поднесе кривична пријава против возачот на автобусот, а Основниот суд му изрече мерка домашен притвор.