Денешна дата
18/08/2022

Аврамовски: Г. Петар ги уценува владиците во Синодот

Како се одлеваат парите за долгите црковни спорови така се намалува и трпението на нашинците во Австралија. Претседателот на здружението на македонски заедници од Австралија, Игор Аврамовски Александров вели: „Ако Петар направи опструкции, единствено ни останува да се вратиме на претходната иницијатива за формирање задгранична самоуправна македонска црква со владика кој ќе биде независен од Синодот на МПЦ – ОА“

Претседателот на здружението на македонски заедници од Австралија, Игор Аврамовски Александров во разговор за Инбокс 7 вели дека начинот на која администраторот на австралиската епархија, владиката Петар раководи со епархијата е спротивно на црковните канони. „Тој е во раскол, а токму тој ги обвинува другите за расколништво“, вели Аврамовски.

Ги порекнува обвинувањата на владиката Петар дека македонската црковна асоцијација нема право да раководи со 12-те македонски православни црковни општини во Австралија, за кои вчера Аврамовски објави дека ќе делуваат независно и за прв пат во историјата ќе биде регистрирана Епархија на МПЦ во Австралија, како правно лице, на чело со Архиереј назначен од Синодот.

„Ако Синодот на МПЦ – ОА му дозволи на Петар да направи опструкции на она што го договоривме со владиката Тимотеј, единствено ни останува да се вратиме на претходната иницијатива за формирање задгранична самоуправна македонска црква со владика кој ќе биде независен од Синодот на МПЦ – ОА“, вели за Инбокс 7, претседателот на здружението на македонски заедници од Австралија, Игор Аврамовски Александров.

stavrova@inbox7.mk