ЖЕСТОКА ДЕБАТА ЗА ИМЕТО НА ИНБОКС7: Фрчкоски обвини за национално предавство и беше обвинет за распродавање на државата
Историчарот Стефан Влахов Мицов го нападна Фрчкоски дека ја распродавал државата, додека овој му возврати дека е хохштаплер и будала. Двата тима панелисти се спротивставија на секое прашање, едните тврдеа дека државата назадува, додека другите дека причина за застојот разговорите за спорот за името е само поради Грција
Мошне интересна, на моменти жолчна дебата за спорот околу името, исполнета со навреди, заврши пред околу час во халата на Порта Македонија.
Додека професорот на правниот факултет и поранешен министер за внатрешни работи Љубомир Фрчкоски јавно ја обвини оваа власт дека врши национално предавство заради гушење на демократијата и поради однесување на власта кон историјата. Фрчкоски заедно со професорот Мерсел Биљали ја критикуваа сегашната власт, додека оправдување на нејзината политика ја бранеа поранешниот вицепремиер за евроинтеграции Ивица Боцевски и аналитичарот Сашо Клековски.
За публиката во која беа и поранешниот амбасадор Ристо Никовски, поетот Ефтим Клетников, поранешниот уредник Георги Барбаровски, најинтересна беше жолчната расправија меѓу историчарот Стефан Влахов Мицов и Фрчкоски.
Погледнете го видеото. Редакцијата на Инбокс7 работи на обработка на целата 2,5 часовна дебата. Целосниот извештај од оваа мошне интересна дебата ќе биде подготвен утре.
- ИНБОКС7 – ЗАТОА ШТО ВИСТИНАТА Е ЕДНА - 27/10/2018
- Европскабајканаместомелемна раната - 27/10/2018
- СВЕТЛО НА КРАЈОТ НА „ТУНЕЛОТ“ - 27/10/2018