Денешна дата
02/12/2020

ПРЕДИЗВИК

После 2 дена од таа изјава на господинот Заев, Народна банка како истурен играч на Владата се огласи во јавноста за покренување на кривични пријави. Згора на таа објава за покренување кривични пријави, Народна банка се дрзна да предложи до Јавното обвинителство мерки во насока за натамошна заштита на доверителите. Почитувани, џелатот предлага мерки како смртта на покојниот треба да биде похумана… УЖАС!

Пишува: Трифун Костовски

 

Животниот пат на секој поединец е исполнет со многу предизвици, искушенија, таги, радости, возвишувања и падови. Но, секој еден е одговорен да се справува со сѐ што ќе се појави на патот, на начин на кој е најблизок до неговото битие.

Нашите генерации, нашите современици се соочени со досега незапомнета пандемија која освен здравствено влијае и врз личните психолошки динамики, врз општествените колективни текови како и врз економската стабилност. Вирус за кој сеуште немаме информација за неговото потекло или настанување, а кој секојдневно хара меѓу нас луѓето со директно или индирекно влијание врз поединецот но и врз заедницата.

Пандемијата Ковид-19 која се најавуваше овие есенски денови, зема толку силен замав, што навистина се поставува прашањето да се биде или не. Институти од највисок светски маштап во нивните лаборатории се обидуваат да ја изнајдат вакцината за овој вирус, но за жал сеуште сме далеку од вистинската вакцина која ќе го елиминира овој опасен вирус без никакви други последици по човекот.

Се надевам дека водечките држави во светот кои одвојуваат огромни пари за воената индустрија, дел од овие средства ќе ги пренасочат кон науката која треба да му служи на човештвото и на секој поединец. Живееме со пандемијата и сакаме да излеземе како победници, бидејќи бегање од реалниот свет со сиот негов товар кој го става врз нашите плеќи, нема и не постои.

Истовремено, сведоци сме за напрегнатите меѓусоседски односи со Бугарија, каде во центарот на вниманието е ставена историјата. По мене, сите револуционери кои што дале придонес да се чувствувам како македонец, со свој јазик, своја култура и своја традиција, го имаат највисокиот епитет во моите очи. Многумина од нив се бореле со оружје в рака, но неможам никако да ги заборавам и дејците кои се бореле со перото в рака.  Јас гледам равенство меѓу оружје в рака и перо в рака. Затоа инсистирам на консензус по национални витални прашања поврзани со нашата национална посебност и не смее ниту еден независно од која функција говори да го решава ова прашање. И господинот Зоран Заев којшто во опозицијата гледа како на партија со нејасни ставови, не смее да си поигрува, ставајќи ја таа партија во ИГНОР, посебно во моменти кога се решава судбината со нашиот источен сосед. Господинот Заев не смее да заборави дека таа партија на последните предвремени избори имаше над 300 илјади гласови. Мора да седне и да бара консензус.

На крајот почитувани, повторно би се навратил на последните збиднување со стечајот на Еуростандард банка – имено, најавени се кривични пријави на две лица од банката, кои засега само висат во етерот и луѓето кои што треба кривично да се гонат не се објавени.

Задоволен сум што на овој начин машинеријата што ја однесе во стечај Еуростандард банка, се појави макр и информативно, нудејќи страв!

По законот кривични пријави Народна банка требаше да покрене веднаш по објавувањето на стечајот! Тоа го направи по изминати 2 месеца и 5 дена од носењето на банката во стечај врз основа на добиен сигнал, претпоставувам од Владата на РМ, бидејќи на последната средба на Премиерот Заев со оштетените штедачи на банката недвосмислено кажа дека Владата нема пари да ги обештети штедачите, ама се покренати кривични пријави против структури во Еуростандард банка.

После 2 дена од таа изјава на господинот Заев, Народна банка како истурен играч на Владата се огласи во јавноста за покренување на кривични пријави. Згора на таа објава за покренување кривични пријави, Народна банка се дрзна да предложи до Јавното обвинителство мерки во насока за натамошна заштита на доверителите.

Почитувани, џелатот предлага мерки како смртта на покојниот треба да биде похумана… УЖАС!

Почитувани, говориме за организиран криминал од највисок маштап, кој што е вклучен во сите институции на системот, Владата со ресорните министерства, судството, полицијата, а тука како сите да замижуваат кога е во прашање Народна банка. Па неможе да постои организиран криминал каде базично се работи за пари, а главниот регулатор кој го контролира протокот на пари да биде чист!

Говорам за организиран криминал што подразбира:                                                                            1. Креатори на тој криминал и                                                                                             2. Алатките за реализација на тој криминал.

За парите се работи. Документацијата која ја испратив до сите пратеници во РМ, околу стечајот на Еуростандард банка е на маса на секој пратеник во Собранието на РМ. Собранието на РМ, како највисок орган кој има право да го контролира работењето на Народна банка, мора да направи длабока стручна, издржана експертиза за стечајот на ЕС Банка, земајќи ги предвид следниве елементи:

  1. Вонредната ситуација која траеше 97 дена. Поради забраната за присилна наплата неможевме да вршиме наплата на доспеани и отпишани побарувања, кои на месечно ниво се движеа меѓу 2,5-3,0 милиони евра.
  2. Поништувањето на уредбата со сила на закон на Владата објавена во Службен Весник на 24 Март 2020, каде беше утврдено 3 месечен термин по завршување на вонредната ситуација да може да се применува алатката СТЕЧАЈ, да би во Службен Весник од 29 Мај 2020 година со уредба, се крати периодот од 3 месеци, за да може стечајната постапка да отпочне веднаш по завршувањето на вонредната ситуација.

Од оваа уредба епилогот на македонската јавност и е јасен, единствен правен субјект кој беше однесен во стечај е Еуростандард Банка и оваа уредба огласена во Службен Весник на 29 мај 2020 година се однесуваше исклучиво за ликвидирање на Еуростандард банка. Не ни ги дозволија ни трите месеци првобитно озаконети, за да не застанеме на нозе, и сепак како жив субјект, јавноста да дознае каде завршиле парите на ЕС банка.

  1.             И денес нам, акционерите и на дел од структурите во банката не ни е јасен математичкиот приод за доведување на ниво од 2% адекватност на капитал, имајќи само четири и половина месеци наназад од денот на носење во стечај, адекватност од 6,55%! Весела математика!

Очигледно мои читатели се работи за страв од вистината, а вистината е една. Сторителите на ова злодело се излажале што посегнале кон нешто што не им припаѓа. Има чувар во мојата персонификација, посебно кога е во прашање достоинството.

Јас делувам и ќе делувам. Формите на моето делување ќе зависат од собитијата што ќе следат во наредниот период.

Вам мои читатели ви посакувам убаво расположение во овие убави есенски денови.