Денешна дата
13/06/2021

КАКО ПОНАТАМУ

Сведоци сме на неколкуте по ред монолози на актуелниот премиер Заев во дебатните емисии „Само Интервју“, во кои на целата јавност им покажува и докажува дека тој човек знае сѐ; од историја, здравство, економија, култура, образование…., до кога вака ќе нѐ лаже, до кога на целиот тој лош политички театар ќе гледаме молчејќи? И на крајот господинот Заев нека ми одговори зошто, во најкризната години од нашето осамостојување ги откупува акциите во ГаМа од Мак Петрол? Немаме пари за вакцини, образование, економски развој, а имаме пари да откупуваме акции од фирма која сѐ уште не отпочнала вистински да работи.

 

Пишува: Трифун Костовски

 

 

2020 година поминува, а сите луѓе на планетата Земја, верувам дека посакуваат никогаш повеќе да не се повтори. Низ овој текст ќе се обидам да ги сумирам моите размисли и доживувања за годината што ја испраќаме.

Најпрво пандемијата со вирусот Ковид-19 се појави срамежливо кон крајот на 2019 година, и ни се чинеше дека тоа е нешто што постои некаде далеку. Но, набргу ни затропа на портите и целиот свет беше покосен од едно заедничко страдање. Нашите животи се превртеа ничко, и сето она што беше вообичаено за нашето секојдневие исчезна за само еден миг. Замислете, денеска е чудно да видите човек на улица да не носи маска! Носењето маска на уста и нос стана наше секојдневие – нешто што ниту помислувавме дека може да се случи. А да не говориме за комуникациските ограничувања, физичката но и социјалната дистанца – нешто што е насушно за секој човек. Ние сме создадени да бидеме заедно. А сега тоа е речиси невозможно. Освен заканата по нашите животи, Ковид 19 стана закана и понашето психичко и емоционално здравје.

Годината 2020 ќе биде запаметена длабоко во нашата меморија како година која нанесе огромни удари, платени со животи и здравје на севкупната популација на планетата земја, а уште повеќе во закочувањето на економскиот развој, а како врв на нашето битисување како луѓе, нашата социјализација на сите можни нивоа од култура, наука, спорт и се она што значи живот.

Јас како поука од оваа година извлекувам заклучок дека нашето постоење на земјината топка и во иднина ќе биде ставено на многу тестови со појава на нови или мутирани вируси, кои ќе ги загрозуваат нашите животи и животни навики.

Повеќе пати сум апелирал да се инвестира во научните достигнувања, како би ги превенирале ваквите опасности. Конечно треба да разбереме дека не ни е потребно инвестирање во оружје, туку во наук, медицина, екологија.

Од друга страна реалноста во Македонија оваа година донесе уште посилни потреси, првенствено предизвикани од вирусот Ковид-19, меѓутоа во ништо помала мера и од нашето незнаење како да се справиме со вакви предизвици и како да го сочуваме здравјето, безбедноста, иднината на секој граѓанин во Република Македонија. Можеме со жалење да заклучиме дека нашата држава, и после 30 години самостојност, не успеав институционално да се организира. Нејзините витални точки се во колапс: здравство, образование, судство а следствено и економија.

Незамисливо беше за мене прашањето по секоја цена да се организираат предвремени парламентарни избори и тоа во ситуација на пандемија Ковид-19. Бидете убедени, народот не ја избра оваа влада, туку таа самата себе се избра, преку свои послушници, кои што го исполнија само консензусот предвиден со законот за избори.

Старо-новата Влада не испорача ништо во првите 100 дена и после нив. Во кој било сегмент на нашето општествено функционирање, ние паднавме на тој испит. Економијата катадневно паѓа и тоа многу силно. Владата во ниту еден момент не понуди стратегија како да му се помогне на стопанството, туку напротив, со своите потези го дотолчуваше.

Институциите на системот како обвинителство, судство, полиција, со сите внатрешни институции, вклучително и Народна банка, не научија да бидат самостојни. Евидентен е фактот дека тие функционираат само „по команда од горе“, во случајов по команда на Владата на Република Македонија. Тоа впрочем е причината што досега не сме отпочнале да се справуваме со организираниот криминал во земјава.

Лотаријата од типот купувајте македонски производи за викендите , ослободени од ДДВ, или финансиската помош за најсериозно загрозените граѓани во Република Македонија е само фрлање прав во очи, како обичниот човек не би можел да ја согледа вистината. Безидејноста на Владата во справувањето со сите нејзини предизвици е  евидентна секој ден. Сведоци сме на неколкуте по ред монолози на актуелниот премиер Заев во дебатните емисии „Само Интервју“, во кои на целата јавност им покажува и докажува дека тој човек знае сѐ; од историја, здравство, економија, култура, образование…., до кога вака ќе нѐ лаже, до кога на целиот тој лош политички театар ќе гледаме молчејќи? Народот ја чувствува бедата на оваа Влада, меѓутоа сѐ уште не смогнал сили да каже доста е! Почитувани, во Македонија има квалитетни луѓе, кои што умеат, наоружани со знаење и искуство, да ја водат државата. За жал на таквите луѓе им е забранет пристап во политиката.

Би сакал премиерот Заев да ми одговори:

  1. Зошто дозволи Еуростандард банка да оди во стечај, кога целата економија не само во Македонија, туку и во целиот свет бележи огромен пад. Народна банка се дрзна да ја леквидира банката по нечиј налог. Сигурно не е добиен од моја страна.
  2. Господине Заев, зошто решението за стечај на Еуростандард Банка било подготвено во Народна банка уште на 1 јуни 2020 година, а се реализирало на 12 Август? Ова се случуваше за време на Техничката Влада која Вие ја контролиравте?
  3. Господинот Заев нека ми одговори зошто си зема за право да ја толкува мојата историја? За време на предвремените парламентарни избори во програмата на СДСМ не постоеше програма која би му дала право на господинот Заев да преговара и да ја толкува историјата со нашиот источен сосед.
  4. Зошто господинот Заев го руши моето достоинство прифаќајки помош за вакцини против Ковид-19, од  Бугарија, Грција и Полска, чиј износ е минорен.
  5. И на крајот господинот Заев нека ми одговори зошто, во најкризната години од нашето осамостојување ги откупува акциите во ГаМа од Мак Петрол? Немаме пари за вакцини, образование, економски развој, а имаме пари да откупуваме акции од фирма која сѐ уште не отпочнала вистински да работи. Велам не сме отпочнале вистински да работиме, бидејќи не сме во склоп на било кој силен гасовод кој функционира во светот.

МАК Петрол е една од најсолидните фирми во Македонија и го има мојот респект, меѓутоа по прашање на општото добро на државата, недостаток на финансиски средства во буџетот на РМ и по мене колку и да е МАК Петрол  стопански ориентирана фирма, од морален аспект не смееше да го направи овој чин.

Сето ова лошо сработено ни останува во наследство и во следната 2021 година. Колку ќе умееме да ги санираме штетите? За жал не сум оптимист, бидејќи има едно правило во животот… тој што те довел во ваква лоша состојба, нема ниту знаење, ниту искуство од нејзе да те извлече. Со натамошното нивно присуство и ваквото перцепирање за водење на држава, ние и понатаму ќе стагнираме.

Честити Новогодишни и Божикни празници на сите мои сограѓани, а за догодина ќе видиме…..

 

Администратор

Latest posts by Администратор (see all)