Денешна дата
13/06/2021

ЗЛОСТОРСТВО

 

 

Почитувани читатели, по втор пат неделава имам потреба да го искажам својот став со кој ќе го изразам моето незадоволство од институциите на системот на државата. Воедно, мојата најголема грижа се оштетените штедачи на Еуростандард банка, па токму затоа сакам да им се обратам и ним.

Почитувани, во целост ви го пренесувам прашањето кое ги засега штедачите во Еуростандард банка и нас како акционери во банката, дадено во интервјуто на Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, објавено во неделникот  Фокус, бр.1300 од 03.09.2020.

ЦИТАТ

ФОКУС: Дискутабилна е и сумата која ќе остане необештетена. Некаде се споменуваше само 0,6%, но други споменуваа сума и од 25 милиони евра. Која е вистината? Колкав број на физички и правни лица ќе останат без своите пари?

АНГЕЛОВСКА-БЕЖОСКА

Најпрво би сакала да појаснам дека сите правни лица, како и физичките лица кои нема во целост да бидат обештетени од Фондот за осигурување на депозити ќе имаат побарувања од стечајната маса, поради што не може едноставно да се каже дека ќе останат без своите пари. Мерките кои што ги презедовме кон Еуростандард банка, како што се барањето за докапитализација кое што резултираше со уплата од 11 милиони евра во текот на минатата година, ограничувањето на кредитната активност и барањето за одржување високо ниво на ликвидни средства, беа во насока на заштита на билансот на банката. Отаму, брзината и успешноста на нивната наплата ќе зависи од брзината и ефикасноста на стечајната постапка.

ФОКУС: Главниот акционер на Еуростандард Банка-најдиректно ве обвини како институција дека сте го”исцедиле како лимон и потоа изиграле”. Како ќе одговорите на ваквите тешки квалификации?

Го цитирам нејзиниот краен дел од одговорот на горенаведеното прашање.

АНГЕЛОВСКА-БЕЖОСКА

Она што сакам особено да го напоменам е дека секој денар дополнителен капитал што беше обезбеден во изминатиот период е денар повеќе за обештетување на депонентите и доверителите на банката, односно бил и е во нивен интерес.

Доколку се направи анализа на овие ставови, ќе се соглед кристално јасно дека станува збор за криминална игра на системот за мое финансиско уништување. ЗОШТО? Затоа што Госпоѓата Бежоска уште во времето кога сме уплатиле 11 милиони евра со цел да ја санираме банката, таа имала намера да ја носи банката во стечај, обезбедувајќи „додатни 11 милиони евра од акционерите за покривање на оштетените штедачи во Еуростандард банка, и денар повеќе“.

Како Госпоѓата Бежоска очекуваше дека Еуростандард банка ќе наплати присилно доспеани побарувања, кога цели 97 дена важеше вонредната состојба, а присилната наплата беше замрзната. Истовремено беше одземена лиценцата за работа со правни и физички лица на банката.

Во кое општество живеам или живееме? Адресата на овој криминал е една и единствена, Народна банка на чело со Гувернерката Анита Ангеловска Бежоска. Луѓето или групите кои стојат зад нејзината одлука се веќе многу лесно препознатливи.

Почитувани оштетени штедачи, ни најмалку не е чесно сиот свој бес да го покажувате и насочувате кон мене и моето семејство. Би сакал да ја согледате пошироката слика и да ме разберете – јас се борам за правда во која што првенствено вие ќе бидете обештетени, а секако и ние како оштетени акционери.

Претпоставувам дека од изјавата на госпоѓата Бежоска, евидентно е дека Народна банка се трудела да извлече што повеќе пари од нас акционерите, а одлуката за носење во стечај е донесена истиот момент кога ние акционерите го сменивме Управниот одбор на чело со Господинот Петкоски и донесовме нов Генерален директор, господинот Горан Трајковски. Тој е клучниот момент за носење на банката во стечај, бидејќи со искуството на вработените на чело со новиот Генерален директор господинот Горан Трајковски, кој долги години беше Генерален директор на УЈП, имајќи го неговото искуство, поминато на оваа функција во УЈП, ние акционерите лесно ќе дојдевме до крајната дестинација каде завршиле вашите и моите пари.

Вака напаѓајќи ме мене е исто како да тропате на отворена врата. Јас сум тука и немам намера да отстапам ниту за миг од оваа моја мисија, а вие размислете.

 

Трифун Костовски

Администратор

Latest posts by Администратор (see all)