Денешна дата
13/06/2021

Лицата против кои ќе биде поведена истражната постапка за Еуростандард банка да бидат објавени

 

По повод наредбата на Јавното Обвинителство за истрага на 4 одговорни лица во стечајот на Еуростандард Банка изјавувам.

Лицата против кои ќе биде поведена истражната постапка не се обзнанети, а по мене би било ред да бидат идентификувани со име и презиме.

После 6 месечен молк од страна на Јавното Обвинителство излегува во јавноста со наредба за истрага во самата Еуростандард Банка. Моите сознанија говорат дека ова е изнуден чин на Јавното Обвинителство да се појави во јавноста после толку многубројни мои апели.

Повторувам, во целата истрага мора да се вклучат и лица надвор од банката. Утре следи мојата официјална колумна со која јавноста ќе биде подлабоко запознаена со сите игри околу стечајот на Еуростандард банка.

Администратор

Latest posts by Администратор (see all)