Денешна дата
13/06/2021

ЈАВЕН ПОВИК

 

 

До Јавниот Обвинител на Република Македонија Љубомир Јовески

 

Господине Јовески

 

Вашето Обвинителство покрена постапка против мене Трифун Костовски со која ми го замрзнавте имотот, поведувајќи истражна постапка против мене и мојот син Коста Костовски за стечајот на Еуростандард банка. Бидете убедени обвинението врз кое ја темелите истражната постапка е нереално и нема никакви допирни точки со вистинското работење на Еуростандард банка и ние како нејзини акционери.

 

Ве молам дајте предност на истрагата и да се заврши овој небулозен процес. Ми замрзнувате имот кој ми е печален пред 30-40 години. Водите истрага без никакви елементарни докази. Јас ве повикувам, бидејќи не успеав да дојдам кај Вас на разговор на оваа тема со цел на цивилизиран начин да искомуницираме на овој за мене невиден атак од мојата татковина Македонија.

 

Ве молам ослободете ми го имотот за да можам да ја водам мојата војна за вистината.

Бидете убедени, ќе стигнам до нејзе.

 

Трифун Костовски

 

Администратор

Latest posts by Администратор (see all)