Денешна дата
21/10/2021

НАРАТИВЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА НА  ЗДРУЖЕНИЕ-ЦЕНТАР ЗА МУЛТИМЕДИЈАЛНИ ПРОИЗВОДИ ИНБОКС 7 КОЧАНИ  1.1.2020-31.12.2020

ИНБОКС 7 годинава ја прослави петгодишнината од своето постоење како невладина организација и 8 години како медиум. Сепак овој мал јубилеј на организацијата и не можевме да го прославиме од разбирливи причини. Кризата со ковид-19 се одрази на работењето на организацијата, во смисла што се штедеше на секој начин за да се заштити персоналот на организацијата, дури и по цена некои активности и да ги прекинеме како медиум, само и само да го зачуваме здравјето на нашите членови.

Но сепак, работењето на Организацијата беше видливо, како во земјава така и во Европа.

Инбокс 7, секоја година, согласно законските прописи на својата веб страница http://www.inbox7.mk ги објавува финансиските, а од оваа година, тоа го прави и со наративните извештаи.

 

ВИДЛИВОСТ НА ИНБОКС 7

 

Иако 2020 година ја одбележа кризата и Инбокс 7 се обидуваше да го заштити здравјето на своите членови, сепак организацијата имаше забележителни успеси и видливост на домашен и меѓународен план.

Нашето здружение, заедно со Репортери без граници од Германија и неколку други германски здруженија беше дел од кампањата на граѓанските организации во Германија за поништување на одлуката со која германската тајна служба БНД ќе ги прислушкува странските граѓани без судски налог. Кампањата за соборување на овој закон започна во 2017, а во неа активно учество, како еден од главните вклучени во случајот, односно незаконски следеци, зеде претседателот на Инбокс 7, Горан Лефков.

На почетокот на 2020 година, нашиот претседател беше на историското дводневно усно сослушавање на двете страни во Карлсруе, седиште на Уставниот суд на Германија. Во средината на мај минатата година е донесено решение со кое се укинува овој закон.

https://www.dw.com/mk/%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D1%80-%D0%B4%D0%B5%D0%BB-%D0%BE%D0%B4-%D1%82%D0%B8%D0%BC%D0%BE%D1%82-%D0%BA%D0%BE%D1%98-%D0%B3%D0%BE-%D0%BF%D0%BE%D0%B1%D0%B5%D0%B4%D0%B8-%D0%B1%D0%BD%D0%B4-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B4-%D0%B3%D0%B5%D1%80%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8%D0%BE%D1%82-%D1%83%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%D0%B5%D0%BD-%D1%81%D1%83%D0%B4/a-53498531

Видливоста на Инбокс 7 минатата година беше евидентна и во Македонија. Работата на организацијата беше препознаена и почитувана и од политичарите кои често пати беа поминале низ критичкиот новинарски објектив на Инбокс 7.

Така по покана на Собранието на Република Северна Македонија, нашиот претседател учествуваше во јавната расправа при носењето на Законот за јавно обвинителство на почетокот на 2020 година. Тој ги образложи принципите и ставовите на здружението во однос на изгледот, начинот на функционирање и организацијата на Јавното обвинителство, како една од најважните институции во борбата против корупцијата, која е фокус на Инбокс 7. На дводневната расправа дел од ставовите на Инбокс 7, подоцна министерот за правда Бојан Маричиќ, ги предлагаше и како идни решенија за Обвинителството. Тие решенија се уште не се имплементирани и ова ќе биде поттик и во иднина здружението да се бори за подобра и поцврста борба против корупцијата.

http://inbox7.mk/archives/7694

Инбокс 7 беше посакуван партнер и соговорник во повеќе домашни и регионални медиуми, како Би Би Си радио, српската Н1 телевизија, локалните Алфа ТВ, канал 77 и ред други медиуми и институции.

 

ИЗРАБОТКА НА СТОРИИ

Инбокс 7 во процесот на пред-истражување и истражување на сториите ги користи граѓаните, како и невладините организации, а за содржината во сториите се потпираме на документи, јавно објавени податоци како и бази на податоци. За секоја истражувачка сторија на која ја работиме, разговараме со најмалку еден граѓанин кој понекогаш е и анонимен извор, но неговите сознанија понатаму ги користиме за да поставуваме Барања за слободен пристап на информации од јавен карактер до државните и јавни институции.

Нашата организација преку изработка на квалитетни стории, придонесе кон зголемување на свеста кај функционерите за потребите на граѓаните.

Така минатата година Инбокс 7 истражуваше стории поврзани со корупцијата и доброто владеење, понатаму за нарушување на човековите права, злоупотреба на државните ресурси, нарушување на животната средина.

Покрај ова, во Инбокс константно се објавуваат колумни и медиумот е постојано присутен и отворен кон граѓаните.

Граѓанскиот концепт на здружението, го прави уште поотворен за соработка. Инбокс 7 е партнер и во други новинарски Здруженија и мрежи на новинарски Организации. Така нашиот претседател Горан Лефков е еден од четирите избрани членови на Советот на чест при Здружението на новинари.

Соработка минатата година имавме и со европската организација Транзишнс он лине од Прага, а заедно и со Македонскиот Институт за медиуми, наши членови беа предавачи и ментори на обуката за млади новинари, што се одржа во просториите на Македонскиот Институт за медиуми.

 

За крај на овој извештај ни останува да ја заборавиме Ковид 2020 година, да се потсетуваме на успесите кои ги постигнавме во неа, и да продолжиме со нови работни победи во 2021.