Денешна дата
10/12/2022

НЕДОМАЌИНЛУК СО УМИСЛА

Градот го затекнав со 24 милиони евра долг на вкупен годишен буџет од 28 милиони евра. За две години јас ја санирав финансиската состојба на градот и на јавните претпријатија, раздолжувајќи се со сите доверители и со јасно поставени правила на соработка со  Градот, каде криминалот и корупцијата беа комплетно елиминирани.

Почитувани читатели, изминатиов период во медиумите се појавија податоците за огромни загуби во јавните претпријатија, сопственост на државата и општините, но и предлог од водечките структури во Владата како да се надминат.

 

Ја цитирам изјавата на премиерот Ковачевски кој главниот проблем го посочува на менаџерскиот тим, потоа изјавите на вицепремиерот Битиќи и министерот за финансии Бесими, кои најавуваат оттуѓување на одделни јавни претпријатија или  концепт на приватно-јавно партнерство.

 

Вкупните долгови на сите овие јавни претпријатија денес изнесуваат речиси половина милијарда евра, средства кои јавните претпријатија ги немаат, а имаат доспеани обврски кон приватни фирми во Македонија и надвор од земјата. Приходната страна, за да се сревисираат овие , е многу мала.

 

Ваквата состојба укажува на фактот дека јавните претпријатија во основа претставуваат банкроти. Нивната приватизација во вакви услови е неприфатлива, бидејќи истите овие јавни претпријатија ќе бидат отуѓени по багателни цени. Кому му одговара овие јавни претпријатија да бидат презадолжени, а во своја сопственост поседуваат квалитетна инфраструктура?

 

Пишував, пишувам и ќе пишувам за стечајот на Еуростандард банка, чин во кој што учествуваа многу институции од системот на Република Македонија за нејзина ликвидација, носејќи многу уредби со сила на закон или прескокнувајќи одредени инструменти со цел да се санира банката.  Денес Македонски пошти се наоѓаат во исклучително тешка финансиска состојба. Опсегот на нивните дејствија драстично се смали, токму поради стечајот на Еуростандард банка. Да биде јасно, Македонски пошти како јавно претпријатие во државна сопственост, никогаш се немаат соочено со толку силни финансиски проблеми. Јавноста мора да знае дека  во 2018 година беше потпишан договор со важност од 20 години, меѓу Еуростандард банка и Македонски пошти за користење на експозитурите на Македонски пошти од Еуростандард банка, низ цела Македонија. Со овој договор Македонски пошти и Еуростандард банка, вршеа исплата на пензии на 80 000 пензионери. Воедно на месечно ниво се остваруваа 1,4-1,6 милиони финансиски трансакции, односно 24% од вкупниот платежен промет во Република Македонија. Приходите од исплатените пензии и извршените трансакции се делеа во однос 2/3 за Македонски пошти, а 1/3 за Еуростандард банка.

 

Со стечајот на Еуростандард банка секнаа приходите од исплатите на пензии и извршените банкарски трансакции во Македонски пошти, а со тоа се наруши ликвидноста на Македонски пошти. Кој е виновен за ваквата состојба во Македонски пошти? Дали требаше Македонски пошти да се стават на колена, со цел нивно безвредно отуѓување на што денеска упатува актуелната Влада.

 

Јас ќе наведам два примера за тоа како треба да реагираат Владите при тешки состојби и секој избран функционер на централно и локално ниво посебно.

 

Првиот пример е госпоѓата Маргарет Тачер, премиер на Велика Британија, која во раните 70-ти години од минатиот век,  секавично брзо реагираше кога на светскиот  пазарот драстично паднаа цените на јагленот, преземјаќи ги сите рудници во Велика Британија во сопственост на државата за да ги оттуѓи после 20 години, ама во многу подобри услуови на светскиот пазар и во многу добра кондиција. Така се чува националното богатство.

 

Вториот пример за домаќинско однесување сум токму јас. Бев на функцијата Градоначалник на Град Скопје од 2005-2009 година. Градот го затекнав со 24 милиони евра долг на вкупен годишен буџет од 28 милиони евра. За две години јас ја санирав финансиската состојба на градот и на јавните претпријатија, раздолжувајќи се со сите доверители и со јасно поставени правила на соработка со  Градот, каде криминалот и корупцијата беа комплетно елиминирани. По еминентната ревизорска куќа „Стандард и Пурс„, градот се здоби со кредитен рејтинг ББ+ стабилен, кој беше највисок во Македонија споредбено со сите институции и јавни претпријатија на централно и локално ниво. Заминав од функцијата  Градоначалник, расчистувајќи ги сите обврски на Градот Скопје и Јавните претпријатија. Оставив во градската каса 8 милиони евра наменети за проектот трамвај, а јавните претпријатија во состојба на функционалност, без никакви долгови и редовно исплатени лични доходи.

 

Тоа е мојот приод  со кој ја покажав љубовта кон моето Скопје, мојата Македонија и моите сограѓани. Бев и останав домаќин.

 

Почитувани читатели, мораме да застанеме на патот во безумното крчмење на нашите национални богатства и институции. Претпријатија од јавен карактер се продаваат само во момент кога може да се постигне повисока цена. Изминаа само две години од Македонски пошти кога од здраво и стамено претпријатие се урниса до степен на непрепознатливост. Запрашајте се зошто?