Денешна дата
28/01/2023

КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА- побуда за  извршен злостор

Некому, тоа можат да му бидат и ловџиски трофеи, што не е баш хумано хоби. Но, да ти е занимација економско и морално уништување на цели фамилии и истото да ти е сатисфакција за ,,лажен трофеј” на добар менаџер, навистина е премногу за сечиј вкус и желудник. Јас не сум дивеч за отстрел, а вие размислете…

Пишива: Трифун Костовски
Почитувани читатели, изминаа 2,5 години од направениот стечај на Еуростандард банка од страна на Народна банка. Но, побудите за овој грозоморен чин, не само на Еуростандард банка туку и врз семејството Костовски,  водат до раководниот тим на Комерцијална банка.
Ние како семејство, не само што ја изгубивме банката и капиталот што го вложивме во неа, загубивме двојно поголема сума со останатите правни субјекти кои беа поврзани со нашата банка.
 Очигледно сивата еминенција која  владее во банкарскиот свет во Република Македонија, читајте Комерцијална банка и нејзиниот актуелен менаџерски тим, се основните чинители на ова злодело.
На ваквиот заклучок упатуваат следните аргументи:
1.      Соработката меѓу Комерцијална банка и Еуростандард банка започна 2012 година. При оваа соработка, Еуростандард банка беше вовлечена во незаконско работење со така-наречените позајмици за финансирање на фирми и физички лица, кои не ги исполнуваа условите за добивање на регуларни кредити.
2.      Преку таква соработка Комерцијална банка умешно го пренесуваше своето лошо кредитно портфолио на сметка на Еуростандард банка. Типичен пример за ваков случај е фирмата „Прототип”. Еуростандард банка со Прототип немаше никаква соработка, а при стечајот на Еуростандард банка беше обременета со 2,5 милиони евра ненаплатлив кредит.
3.      Низ годините кога се одвиваа гореспоменатите процеси, Еуростандард банка бележеше стагнирање во нејзиното работење и во два наврати се преговараше за спојување или поточно кажано апсорбирање на Еуростандард банка во рамките на Комерцијална банка, нудејќи услови кои што ние, акционерите не ги прифативме. Заклучувам дека Комерцијална банка ја руинираше стабилноста на Еуростандард банка со цел поефтино да ја припои.
4.      Комерцијална банка, претпоставувам испрати порака до Народна банка дека Еуростандард банка мора да се затвори истиот момент кога беше променет стариот менаџерски тим на Еуростандард банка со нов тим. Ние, акционерите со новиот менаџерски тим тргнавме во нова битка да ја стабилизираме банката, а тоа значеше брза и ефективна наплата на така-наречените позајмици и чистење на кредитното портфолио, кое не беше на Еуростандард банка.
5.      Со објавениот извештај, од мојата приватна истрага, на ден 22 август 2022 година се обзнани сета незаконска трансакција на така-наречените позајмици каде Комерцијална банка е клучниот фактор.
6.      Комерцијална банка незаконски искористи депозит од 3 милиони евра сопственост на Еуростандард банка, кој беше даден наменски. Без согласност на Надзорните одбори на двете банки, овој депозит не смееше да се допре. Таква согласност Надзорниот одбор на Еуростандард банка немаше дадено.
7.      При добивањето на кредит од 10 милиони евра , кој го употребивме за докапитализација на Еуростандард банка, каде како залог беа дадени акциите на Еуролинк, осигурителна компанија, ние акционерите на Еуростандард банка бевме уценети да потпишеме документ со кој што нема да покренеме кривична пријава за незаконски искористените 3 милиони евра од страна на Комерцијална банка.
Почитувани читатели, секој поединец во својот живот има некакво хоби. Некому, тоа можат да му бидат и ловџиски трофеи, што не е баш хумано хоби. Но, да ти е занимација економско и морално уништување на цели фамилии и истото да ти е сатисфакција за ,,лажен трофеј” на добар менаџер, навистина е премногу за сечиј вкус и желудник. Јас не сум дивеч за отстрел, а вие размислете…