3.8 C
Скопје
19 април, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИ

СДСМ бара ВМРО-ДПМНЕ да ги достави до Антикорупциска информациите за сокриен имот на функционери

Доколку ВМРО-ДПМНЕ навистина поседува некакви информации за функционери кои не пријавиле имот и сториле некаков прекршок, тие треба да ги достават до надлежната институција, а тоа е ДКСК, за понатамошно постапување, одговорија до СДСМ на обвинувањата на најголемата опозициска партија која денеска ја објави т.н. афера Тајни имоти.

Од опозицијата тврдат дека 123 функционери од редовите на СДСМ и ДУИ не пополниле целосни анкетни листови со што сокриле имот од 30 милиони евра.

Од СДСМ велат дека ВМРО-ДППМНЕ се тие што краделе граѓани и трупале имот, потсетувајќи на судската пресуда за Талир 2, која се однесува на незаконски стекнатата бела зграда што е седиште на партијата, но и на имотите на поранешниот премиер кој избега во Будимпешта, Никола Груевски.

„Кога зборува за имоти, ВМРО-ДПМНЕ прво нека си погледне во своите редови и својот дворец“, велат од СДСМ.

За опозицијата пак ДКСК, односно Антикорупциската комисија е дел од проблемот, бидејќи сметаат дека не реагира.

„И самата претседателка на Антикорупциска во повеќе наврати призна дека постојат дури и функционери кои имаат имот, а кој не е на нивно име. И после половина година за тоа реакција нема“, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Тие дадоа рок од 24 часа за институциите да реагираат. Во спротивно велат дека ќе ги објавуваат имињата и имотите на оние за кои утврдиле дека се дел до аферата.

Related posts

ВО МАКЕДОНИЈА ЌЕ НЕМА КОЈ ДА ИЗМЕСИ ЛЕБ И БУРЕК

ninja

ЌЕ СПРЕЧАМ ТРЕТА СВЕТСКА ВОЈНА АКО СТАНАМ ПРЕТСЕДАТЕЛ, РЕЧЕ ТРАМП

ninja

Меџити: Или ја продолжуваме битката, или одиме дома и се предаваме

admin

ХЕРСОН ПОВТОРНО ПОД УКРАИНСКА КОНТРОЛА

ninja

Анкета: Екстремно десничарската АфД е втората најсилна партија во Германија

admin

Кампања пред кампања – полни усти (не)реални ветувања

admin