4.8 C
Скопје
19 април, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕГИОН

АЛЕКСАНДАР ВУЧИЌ: OДЕДНАШ ПРЕДАВНИК

Не се случува често српскиот претседател да биде критикуван. Александар Вучиќ, чиј стил на владеење има автократски црти, премногу цврсто седи во седлото. Но, по изненадувачката промена на курсот во поглед на Косово, овој четврток (2.02) во Народното собрание го навредуваа и го обвинуваа дека е предавник.

Додека шефот на државата во парламентот ја бранеше промената на својот курс, националистичките опозициски политичари држеа транспаренти. Нивното барање гласи: „Нема предавање“. Тие сакаат јасно отфрлање на планот кој заеднички го изработија Германија и Франција за да се окончаат актуелните тензии меѓу Србија и Косово. Со него, меѓу другото, се предвидува двете земји формално да не се признааат, но меѓусебно да прифатат државно постоење на другиот. 

Еден пратеник од клеро-националистичката партија курсот на Вучиќ го нарече „нечуен“ и му порача на претседателот дека тој „нема никакви уставни овластувања.“ Од редовите на владејачката партија постојано се слушаа аплаузи за претседателот, но тоа не можеше да сокрие декаВучиќ е под голем притисок.

Притисокот доаѓа однадвор. Ден пред претседателот во парламентот да ја образложува својата политика, со него разговараше телефонски американскиот државен секретар Ентони Блинкен. САД сакаат конечно олабавување на ситуацијата на Балкан.

Скептички и истовремено државно заштитнички

Вучиќ во парламентот еден и пол час ја бранеше својата нова линија. Тој се потпира на приближување наместо на воени закани, како што беше случај пред неколку недели. Вучиќ смируваше: уште ништо не е потпишано, разговорите ќе продолжат.

Вучиќ е скептичен: бројни точки наведени во француско-германскиот план за воспоставување мир во регионот се тешки или неприфатливи. Но, Вучиќ ги застапува и интересите на државата: чекорот кон опуштање е од витален интерес на Србија, тој притоа мисли на ориентацијата кон Европската унија.

Тоа е негова декларирана цел, уверуваше Вучиќ пред само неколку недели во едно интервју. Моќниот Србин не сака да го загрозува членството во ЕУ и затоа денес вели: Србија мора да остане на европскиот пат, зашто од ЕУ зависат многу работи, како инвестиции, животен стандард, пензии и плати.

Србија Белград парламент
Вучиќ на удар на критики во СобраниетоФотографија: Darko Vojinovic/AP/picture alliance

Од каде е Вучиќ?

Тоа што бројни националисти сега зборуваат за предавство е поврзано со историјата на Србија, но и со самиот Вучиќ. Тој доаѓа од националистичкото движење и толерира демонстрации за поддршка на Путиновата војна против Украина. Неговиот нов шеф на тајната служба е деклариран пријател на Русија. Освен тоа, Вучиќ не поддржува санкции против Русија. А тоа не оди заедно со приближување кон ЕУ.

Во Србија се смета дека Косово, за што се расправаше во Собранието, е отцепена покраина. Паролата „Косово = Србија“ е испишана на повеќе надвозници над автопатиштата во околината на Белград.

За националистички настроена Србија, признавањето на независноста на Косово е незамисливо. Додека претседателот зборуваше во парламентот, еден постар господин на улица вели дека Србија без Косово би го изгубила својот идентитет.

Една жена Косово го нарекува дури „српски Ерусалим“ и предупредува на прашањето да не се гледа само политички. За неа во прашање е српската душа. Обичните граѓани сега мора да се борат за она што, како што смета таа, е праведно пред Бог: „Не смеема да дозволиме нашата српска земја (Косово) да се подарува. Но, не грижете се, таа засекогаш ќе остане српска, сигурно“, вели жената.

Вистинско време за промена на курсот

Колку и да се гласни критиките, можеби сега е вистинско време Вучиќ да го промени својот курс. Српскиот претседател не треба да се плаши од пад, тој и неговата партија на изборите лани јасно се потврдија, а следните редовни избори се по три години.

Вучиќ како успех би можел да го продаде и тоа што косовската влада веќе не стои на патот на основање Заедница на српски општини. Тоа е чекор којшто е постигнат само со огромен притисок од САД и ЕУ и врз косовскиот премиер Курти.

Во секој случај, на Србите кои живеат во Косово, главно во општини во северниот и јужниот дел, Заедницата би требало да им даде далекусежни автономни права.

Мнозинството сака во ЕУ

Нормализираните односи меѓу Србија и Косово би требало да ги поздрави пред сѐ младата популација во Србија, онаа која размислува јасно проевропски. Мнозинството од српското општество исто така сака да ја види својата земја во ЕУ, иако поддршката за Унијата во последно време е донекаде опадната.

Тоа го знае и претседателот. Во интервју за АРД, Вучиќ неодамна изјави: „Ако ги прашате луѓето каде сакаат да живеат, секогаш добивате ист одговор: во Европската унија. Значи, мораме да го решиме овој неред во регионот, да создадеме мир и безбедност – и потоа можете да им кажете на луѓето дека мора да се фокусираме на иднината, а јас не се сомневам дека нашата иднина ѝ припаѓа на Европа и ЕУ. И ние сме дел од Европа.“

Вучиќ сега изгледа е многу конкретен во врска со својата политика, дури и ако сите кои се ангажирани се свесни дека ќе помине многу време до вистински детант меѓу Србија и Косово.

Related posts

Насилна смрт во С.Македонија: Несреќните случаи сочинуваат 78.6 %, самоубиствата 20.2 а убиствата 1.2 %.

admin

Министерот за здравство со шокантна изјава: Се вршат операции со ‘рѓосани алати

admin

Неделава ЕУ ќе ги соопшти санкциите против Косово

admin

ЌЕ СПРЕЧАМ ТРЕТА СВЕТСКА ВОЈНА АКО СТАНАМ ПРЕТСЕДАТЕЛ, РЕЧЕ ТРАМП

ninja

Торбешите во Уставот, камен на сопнување

admin

„Огнените“ и официјално поднесоа барање за отстранување на дефиницијата „20 проценти“

admin