12.8 C
Скопје
19 април, 2024
Inbox7.mk
АНАЛИЗА

Бродот што тоне

Денес пак, го добивме спротивното… Живееме во целосно нефункционален систем, во кој образованието трага по учебници, културата е на маргините на општеството, а за безбедноста воопшто и да не говориме. Авторитетните личности се намалуваат од ден во ден, речиси повеќе и да ги нема, а јавниот дискурс му е препуштен на полуобразовани или пак необразовани багабонти/бизнисмени кои буквално го окупираа целосното наше суштествување, држејќи ја сета слободна и просперитена мисла во окови и зандани, за сметка на своите лични и партиски интереси и бизниси, смислено правејќи досега невиден институционален калабалак!

Пишува: Катерина Топалова

Несомнено, се поголем е бројот на граѓани кои со носталгија се сеќаваат на поранешниот систем во некогашната Федерација. А причината е повеќе од очигледна?! Бројката на југоносталгичари во Македонија расте, за сметка на сегашното хаотично време кое не надваса… Од еродирана држава и инстититуции кои прилично несмасно и силеџиски не воведуваат во она што значи демократија и владеење на правото, очајно чекајќи да ни понудат некаква надеж и светла иднина, наспроти тоа од ден на ден, со секој нов скандал си ја добиваме мрачната и доминантна реалност којашто очигледно ја заслужуваме.

Југословенското владеење, иако Западот милува да го прикаже како авторитарно – режимско, а Истокот – како продолжена рака на капиталистичкиот Запад, сепак за мноштвото сведоци кои го живееле и преживеале југословенскиот нецел век, генерално ни сведочи за едно просперитетно време и време на благосостојба.

Малиот број авоторитети во Македонија се сеќаваат на еден систем кој нудел заштита, со завидно образование, супериорна култура и функционални институции, систем кој посакувал и негувал намалена јавна политичка дебата, говор или пак критика, нешта кои му се товарат како недостатоци во идејата и желбата за перфектно уредување.

Денес пак, го добивме спротивното… Живееме во целосно нефункционален систем, во кој образованието трага по учебници, културата е на маргините на општеството, а за безбедноста воопшто и да не говориме. Авторитетните личности се намалуваат од ден во ден, речиси повеќе и да ги нема, а јавниот дискурс му е препуштен на полуобразовани или пак необразовани багабонти/бизнисмени кои буквално го окупираа целосното наше суштествување, држејќи ја сета слободна и просперитена мисла во окови и зандани, за сметка на своите лични и партиски интереси и бизниси, смислено правејќи досега невиден институционален калабалак! Ама затоа пак, демократијата ни ја дозволува сета критика и јавна дебата за се она што не чини и не бива во државава. Имаме право да го кренеме гласот против неправдата и да се бунтуваме за подобро утре! Но по се изгледа фајде нема од ова последново…

Бехтел и Енка, онкологија, измените во кривичниот законик и сите следни метастази кои ќе дојдат на ред деновиве, придружени со веќе искусената високата стапка на криминалитет и институционални злоупотреби, притоа предизвикувајќи генерален колапс на државата, се споија за да создадат совршена бура од очај и разочарување кај луѓето. Како резултат на тоа, граѓаните, крвотокот на нацијата, станаа апатични и се повеќе се иселуваат од земјата во потрага по засолниште по нов систем, бегајќи и криејќи се од постоечкиот кој сосема криминално и аматерски ја третира и ја дефинира нашата татковина.

Погледнете ја Македонија денес… Жална слика на држава која исчезнува – брод што тоне! Но сево ова си има своја историја и „кумови“, затоа што распадот на системот на една нација не е случајност, туку е нешто кое се развива постепено. А сите ние сме сведоци на еден максимално штетен процес кој ја поткопа самата основа на општеството додека на крајот не пропадне поради корупција, лошо управување и апатија. Знаците на оваа дисфункција се очигледни, правен систем подложен на манипулации од моќници, законодавно тело кое им дава приоритет на интересите на неколку привилегирани пред јавното и општо добро и преплавен бирократски апарат преполн со неефикасност и корупција.

Политичарите и оние привилегираните станаа вешти во извртување на прописите за да ги усогласат со нивните цели, правејќи го правниот систем целосно неефикасен. Законите се сметаат за обични препораки, а оние кои се задолжени да ги почитуваат често ги игнорираат, правејќи ја казната мисловна именка. Еден од највознемирувачките аспекти на оваа национална криза лежи во очигледното непочитување на законите и изигрување на правото. Но, небаре рекле – рибата си смрди од главата!

Во ваква средина, не е изненадување што стапката на криминал вртоглаво расне. Бандите и криминалот цветаат во овој вакуум, искористувајќи ја ранливоста на системот кој е целосно пропаднат. Високата стапка на криминал дополнително ја нагризува довербата во државата и го зголемува егзодусот на граѓаните кои пак со право бараат безбедност на друго место. И измените на кривичниот законик и случувањата во Онкологија ќе ги заборавиме до крајов на летово, затоа што истото го направивме и за кроридорите кои се исплатија. Парите се даваат, а освен што ја снема таблата од терен, другото се е исто…

Македонската приказна е можеби и предупредувачка приказна за светот. Силно  предупредување е дека, соочени со вакви предизвици, издржливоста на народот на една нација може да издржи само толку многу пред да побара подобра иднина  дугаде. А тоа ни се случува… Масовно!

Related posts

Ало, Телеком! Очајно ни треба Европа!

admin

122 години oсаменост

admin

Владини фелери и опозициски блефери

admin

Општетсвото да се бори повеќе за медиумската саморегулација

admin

Врвот на корупцијата

admin

ВО ДЕВЕТТИОТ МЕСЕЦ ОД ВОЈНАТА ВО УКРАИНА

admin