13.8 C
Скопје
25 април, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

ДКСК со иницијатива да се укине “балснсерот”

Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) ќе поднесе иницијатива до Уставниот суд да ги преиспита законите во кое е содржана алатката „балансер“ за етничка припадност при вработување во јавен сектор.

Од Комисијата бараат да се види – Дали балансерот ја исполнува целта или се злоупотребува затоа што етничката припадност е основен податок при вработување и дали по 20 години примена е веќе надминат и треба да се укине.

Балансерот како алатка беше воведен во 2016-та за да служи за соодветна и правична застапеност на сите заедници во секоја институција од државниот и јавниот сектор.

ДКСК на денешната седница гласаше и да иницира до Уставниот суд да ја оцени законитоста и колизијата со други закони на Законот за преземање административни службеници вработени преку К-5 програма во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, а од Владата да побара извештај за спроведувањето на овој закон со кој институциите треба да прифатат т.н. рамковни вработени кои нераспределени добиваа плата, а седеа дома.

Од Комисијата велат дека не е познато дали законот се уште е во примена и дали се веќе распределени луѓето во државните институции, затоа што Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците не и одговорило на ДКСК со податоци, а, како што беше посочено, и натаму продолжува да објавува нови огласи.

Од ДКСК, во однос на балансерот смета дека иако имало позитивен резултат во етнички вработувања, во изминатите години станал евидентен порастот на бројот на вработени без реални потреби и без просторни услови во институциите, а практиката покажала дека кандидатите за да се вработат ја наведуваат етничката припадност што се бара во конкурсот.

Според ДКСК, ваквата примена на оваа алатка, каде што етничката припадност е основен податок за распределба на работно место, се коси со мерит-системот, ја нема вредноста за која била наменета и се злоупотребува доведувајќи до ризици од трговија со влијанија, коруптивно однесување и создавање политички клиенти на партиите.

Според Рамковниот договор потпишан во Охрид во 2001, со кој се стави крај на конфликтот во Македонија меѓу припадниците на Ослободителната народна армија-ОНА и македонските вооружени сили, една од главните промени беше вработувањето по етнички клуч во јавната администрација.

Но тоа донесе и небулози, оти имаше примери кога Македонци се пишуваат Албанци или други заедници и обратно за да се вработат во администрација. Како последици на Договорот, на државно беа вработени таканаречени рамковни вработени, кои повеќе од една деценија беа вработени во Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор, земаа плата, но не одеа на работа чекајќи државата да им најде соодветно работно место. Одговорноста за нив потоа ја презеде Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците.

Related posts

Познавачи коментираат: Претседател избран во Собрание би имал помалку ингеренции

admin

Двајца израелски министри повикаа на иселување на Палестинците од Газа

admin

Холандскиот амбасадор Коп: Не чекате вие, ЕУ ве чека 15 години да ги спроведете реформите

admin

Русија и Лавров изолирани во Скопје

admin

Колку С.Македонија плаќа за НАТО?

admin

Се затвора најгледаната косовската телевизија, сопственик била македонска компанија

admin