9.8 C
Скопје
19 април, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИ

ОПОЗИЦИЈАТА БАРА ОСТАВКА ОД СПАСОВСКИ ПО ВЧЕРАШНОТО УБИСТВО ВО КАФУЛЕ ВО СТАРАТА ЧАРШИЈА

Кафулето на влезот во Старата чаршија во кое вчеравечер беа извршени убиствата е затворено и однадвор нема видливи траги од злосторството.

Вчера бројни полициски единици, но и пријатели и роднини на застреланите беа на местото на настанот додека траеше увидот. Ситуацијата беше тензична.

Полицијата официјално потврди дека петмина, облечени во црна облека и со фантомки на главите, упаднале во објектот и пукале кон двајца од гостите. Тие веднаш починале, а уште еден бил повреден.

МВР загинатите ги именува со иницијалите Ј.К. и Е.И. Неофицијално, станува збор за Јетон Кривањева и Енес Исени, лица кои се поврзуваат со скопското подземје. Напаѓачите избегале со возило „ауди А6“, кое дваесетина минути по нападот е лоцирано, запалено, во област во близина на Скопје.

Во истрага на случајот, кој наликува на добро организирана и планирана егзекуција, е вклучено Јавното обвинителство.

„По наредба на јавниот обвинител ќе биде извршена обдукција на телото на починатите. Сите обезбедени и подигнати траги и материјални докази од лице место во угостителскиот објект во кој се случи настанот се предадени на вештачење. Обезбедени се снимки од видео надзорот на самиот објект, на околните објекти, како и на системот „Безбеден град“, кои детално ќе бидат проверени. Јавниот обвинител издаде наредба да бидат извршени разговори со повреденото лице, со неколку други лица кои биле присутни во угостителскиот објект за време на настанот, како и со други лица кои би можеле да имаат некакви сознанија за инцидентот“, пишува во соопштението од обвинителството.


Настанот, според опозицијата, е показател за, како што вели, неспособноста на полицискиот врв. Се бара оставка од министерот за внатрешни работи.

„Додека Спасовски осум години е прв човек на полицијата, се случија стотина нерасветлени убиства. Што друго да се случи Спасовски да си даде оставка, посочи Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ одговарајќи на прашањето дали двојното убиство во скопската чаршија има политичка конотација и каква е поврзаноста со крилата на криминалнизираните ДУИ и СДС“, вели Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

Поранешниот министер за внатрешни работи Павле Трајанов, синоќешните настани ги гледа како резултат на поврзаност на криминални со политички кругови.

„Повеќе од јасно е дека овие групи имаа релации со партиите од власт и дека се чувствуваат слободни да се занимаваат со нарко-бизнис, трговија со оружје и тоа да го прават без последици“, вели Трајанов.

Двајцата убиени и се добро познати на полицијата, а едниот од нив бил инволвиран во престрелката во хотелот „Александар палас“ во 2019 година.

Related posts

Има ли „кочница“ за банкарските провизии при плаќање сметки?

admin

Корупцијата – круцијален проблем и болка за граѓаните, а јавните набавки „плодна почва“ за нејзино распространување

admin

Петте поенти од говорот на Урсула фон дер Лајен

admin

Бугарија се однесува со С.Македонија исто како и Русија со Украина

admin

Рекорден број хакерски напади врз институции, голем дел не пријавуваат

admin

МИНИСТРИТЕ ОД ЕУ ДОГОВОРИЈА ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ЦЕНАТА НА ГАСОТ

ninja