4.8 C
Скопје
19 април, 2024
Inbox7.mk
НАСЛОВНА

Северна Македонија: Дали ќе се опорави културата по пандемијата?

Никој со сигурност не може да каже дали културата, која и така беше на незадоволително ниво и пред пандемијата, може наскоро да се опорави или еднаш засекогаш е променет начинот на кој уметничкото и културното творештво се прикажува пред јавноста. Ковид-19, или инаку познат и како невидливиот непријател, изминатиов период и нанесе голема штета на културата. Публиката не можеше да присуствува на културните настани, а уметниците немаа за кого да настапуваат. На ситуацијата не помогна ниту прикажувањето на уметничките содржини на социјалните мрежи. Ова беше начин кој повеќето уметници и творци првпат го испробаа и не негираат дека им недостасуваше емоцијата и адреналинот што ги дава присуството на публиката кога е физички таму.

Во годината што ја оставивме зад нас, театрите почнаа повторно да се полнат по речиси една година пауза. Директорот на Тетовскиот театар Беким Смаили е задоволен што во последно време работите тргнаа во добра насока.

„Како секоја друга институција која во тек на пандемијата се соочи со бројни предизвици, така и Тетовскиот театар имаше свои тешкотии. Неколку претстави предвидени за 2020 година, нужно беа реализирани во 2021 година. Успеавме успешно да ја изведеме премиерата на претставата „Предлог на мечката“, во режија на Елмазе Нура. Во моментов работиме на подготовката на следната премиера и наскоро ќе биде готова претставата на македонски јазик „Провинцијална свадба“ во режија на Теа Беговска“, изјави Беким Смаили, директор на Тетовскиот Театар.

Со затворањето на продавниците и откажувањето на настаните, настрада и модната индустрија. Креаторите од оваа категорија се обидоа да се прилагодат на виртуелните платформи, каде модните недели во различни земји во светот, но и кај нас, се емитуваа на виртуелни платформи. За дизајнерите, несомнено е дека новонастанатата ситуација ги отежна модните активности од подготвителните фази до претставувањето на финалниот производ пред јавноста.

„Како почеток, со откажувањето на културните настани, во суштина опадна интересот на луѓето за порачки на дизајнирана облека, која ние како дизајнери ја нудиме. Потоа, се оневозможи организирањето на нашите лични изложби за претставување на нашата работа пред публиката, што не наведе да се обидеме да организираме модни настани виртуелно. Секако, ефектот во јавноста не беше ист како кај настаните со физичко присуство“, изјави модната дизајнерка Блерта Османи.

Ова не завршува тука.

„Пандемијата Ковид-19 го постојано и неизбежно го менува модниот свет, додека се уште продолжува да „царува“ на земјата“, додава Османи.

Османи е и организаторка на настани. По подолг период на целосно затворање, ограничувањето на капацитетите со кои би можеле да работат гастрономските објекти, беше меѓу првите и најважни мерки на здравствените власти, која е се уште во сила.

„Не беше забрането само организирањето на свадбите, туку и доста други културни настани, кои се организираа во просториите на нашиот гастрономски бизнис. Тоа доведе до оневозможување на значителен број културни настани во нашиот бизнис“, додаде Османи.

Последните месеци беа надежни за организаторите на настани.

„Иако ако во 2021 година, по повторното отворање на рестораните, според правилата на Владата, имаше ограничен број на гости во рестораните, работата помина добро, но ние постојано вложуваме напори за подобрување“, изјави Блерта Османи, организатор на културни настани.

Кај дел од граѓаните се создаде и дух на дистанцирање од културните настани. Велат дека пандемијата го намалила ентузијазмот за следење културни настани, како резултат на избледена атмосфера во просторите со преполовена, дистанцирана публика.

„Сметам дека силната желба за следење на културни настани по пандемијата е „згасната“, искрено да кажам. Ова е дефинитивно последица од пандемијата! Јавноста е преполовена, далечината, стравот да не се заразиме и слично“, вели граѓанин.

„Она за што сите се согласуваме,  верувам дека е како последица од пандемијата тоа што веќе имаме мали настани или намалување на бројот на настаните. Ова ми го крши срцето! Посакувам работите да се вратат во нормала“, вели друг граѓанин.

Во однос на културните настани, од Министерството за култура велат дека пред пандемијата имало тренд на зголемување, додека во периодот на пандемијата финансирањето на културните проекти е намалено за околу 10 милиони денари.

Буџетот на Министерството за култура во 2019 година изнесуваше 2.925.166.000 денари, а програмските средства беа 936 милиони денари. За 2019 година од Министерството за култура се поддржани 2630 проекти.

Буџетот на Министерството за култура за 2020 година изнесуваше 3.462.483.000 денари, од кои 980.100.000 денари за финансирање на програмата. За 2020 година од Министерството за култура поддржани се 3437 проекти.

Буџетот на Министерството за култура за 2021 година изнесуваше 3.276.430.000 денари, од кои 970.100.000 денари се наменети за финансирање проекти од национален интерес во културата. Во однос на споредбата на буџетот за 2020 и 2021 година, овој буџет за 2021 година е намален за десет милиони денари. За 2021 година од Министерството за култура поддржани се 2254 проекти.

Годишната програма одобрена од националните и локални институции од областа на културата не можеше целосно да се реализира поради фактот што се уште се во сила мерки или протоколи за организирање настани во затворени простории (театри, кина, филхармонија и сл.) кои дозволуваат одреден процент на публика.

Додека пак, за следната година се очекува буџетот на Министерството за култура да биде 3.855.548.000 денари. За поддршка на проекти од интерес во областа на културата за следната година од овој буџет ќе бидат издвоени околу 17 милиони евра, што е за 1,5 милиони евра повеќе од 2021 година. Овој буџет, како што изјави министерката за култура Ирена Стефоска на конференција за медиумите, не е доволен, туку е одговорно однесување со народни пари во време на економска и здравствена криза.

 

Подготви: Валон Салаи

 

Овој текст е продукт од проектот “Young Journalists’ Network” имплементиран од Демокраси Лаб. Овој проект е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторите/ авторите, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.

Related posts

Раскол во АзА, Рашиди контра Села: Неодговорно е од сега да се каже како партијата ќе оди на избори

admin

Стејт департментот на САД бара 4 милијарди долари за да се надмине Кина

admin

Смртоносно насилство откако израелско момче исчезна на Западниот Брег

admin

Вулин на “црната листа” на САД: Бил корумпиран и руски играч за дестабилизација на Балканот

admin

Ердоган разговарал со Вучиќ и Курти

admin

Катица Јанева и Стевче Јакимовски ставени на “црната листа” на САД

admin