14.8 C
Скопје
28 март, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕГИОН

Тензии во Косово: Српска листа бара косовската полиција да биде заменета со КФОР

Претставниците на Српската листа Игор Симиќ и Драгиша Миловиќ разговарале со полковникот на американските мировници на КФОР во Звечан и побарале косовските полицајци во оваа општина да бидат заменети со КФОР, пренесува Инбокс7.

Ситуацијата во Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток и понатаму е тензична, бидејќи групи локални Срби се собраа пред општинските згради за да се спротивстават на новите албански градоначалници.

„Можам да кажам дека навистина беше коректен разговор, дека полковникот ја разбира ситуацијата во која се наоѓаме сите. Нашето барање беше специјалните единици да се повлечат од зградата на општината, да ја напуштат зградата на општината и безбедноста да ја преземе КФОР. Тој [полковникот] сега разговара со главниот командант на КФОР за нашето барање“, рече Миловиќ пред толпата.

Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека актуелната ситуација бара имплементација на Основниот договор за нормализација на односите Косово-Србија, како и смирување на ситуацијата на северот на Косово.

Преку објава на Твитер, Курти рече дека овие коментари ги дал за време на телефонскиот разговор со италијанскиот министер за надворешни работи, Антонио Тајани.

Тој не даде други детали.

Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ изјави дека „едностраните акти“ на косовските власти ризикуваат да го дестабилизираат регионот и ги повика претставниците на меѓународната заедница сериозно да ги сфатат.

Изјавата на Дачиќ доаѓа откако групи Срби во Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток се собраа во понеделникот за уште еднаш да се спротивстават на новите градоначалници на овие општини во северно Косово – сите Албанци – избрани на вонредните избори на 23 април.

„Приштина е најголемата закана за регионалниот мир и стабилност во моментов“, рече Дачиќ.

 

Related posts

СО ПОВИСОКИ КАМАТИ СЕ ВРАЌААТ СТАРИТЕ ДОЛГОВИ

ninja

ОН: КЛУЧНИТЕ РАБОТНИЦИ ЗА ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈАТА ДЕНЕС СЕ ПОТЦЕНЕТИ, НЕДОВОЛНО ПЛАТЕНИ И ЗЛОУПОТРЕБЕНИ

ninja

Крстот на Шапка е урбана опрема и нема потреба да се легализира, смета централната власт – За партиите е предмет на политички пресметки

admin

Жртви и заложници од 23 земји на светот

admin

Зошто младите во С.Македонија се склони кон корупција?

admin

Кои се 10-те најдобри градови за живеење?

admin