14.8 C
Скопје
28 март, 2024
Inbox7.mk
АНАЛИЗА

УСТАВНИ ИЗМЕНИ И АЛБАНСКИОТ ЈАЗИК

Ако во претходното отворање на уставот прашањата што претрпеа измени повеќе имаа врска со прашањето за легалитетот на државата, со посебен акцент на надворешната политика, овојпат обврската за уставни измени како предуслов за целосно отворање на преговорите со ЕУ, вклучувајќи и делот на бугарите и другите народи во уставот, имаат повеќе внатрешен карактер и се занимаваат со регулирање на односите меѓу етничките групи, па оттука и барањето за промена на дефиницијата за „20%“ која доаѓа од сите албанските политички субјекти, но и другите општествени чинители е правидна, одржлива и на сите ќе им служи позитивно

Пишува: Сефер Селими Jr.

По сагата за отворањето на преговорите со ЕУ и бугарското вето, кое се засноваше на анахрони барања за идентитетот на нашите сограѓани Македонци, со посебен акцент на генезата и прифаќањето на македонскиот јазик, сметам дека дебатата за Албанскиот јазик треба да биде порационален и нашите сограѓани засекогаш ќе сфатат дека албанскиот јазик не е опасност за идентитетот и државата Северна Македонија, туку напротив, тој е елемент што дополнително го зајакнува нејзиното државјанство.

Верувам дека немаше македонец кој не се почувствувал навреден кога официјална Софија го нарече македонскиот јазик како „јазикот дефиниран според државниот устав“. Не ни мислам дека некој остана смирена душа кога со шовинистички тонови се обидоа да го исклучат од официјалната комуникација во големото семејство на официјални јазици во Европската Унија. Во текот на целата оваа сага, албанците од Северна Македонија, но и оние од Албанија, вклучително и официјална Тирана, сочувствуваа и се солидаризираа против ова агресивно и ретроградно однесување.

Тргнувајќи од ова досегашно искуство, мислам дека мислењето на нашите сограѓани македонци е созреано и тие ја знаат навредата предизвикана од дефиницијата на албанскиот јазик во уставот и Законот за употреба на јазиците како „…јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните, што е различно од Македонскиот јазик“.

Ако во претходното отворање на уставот прашањата што претрпеа измени повеќе имаа врска со прашањето за легалитетот на државата, со посебен акцент на надворешната политика, овојпат обврската за уставни измени како предуслов за целосно отворање на преговорите со ЕУ, вклучително и делот на Бугарите и другите народи во уставот, имаат повеќе внатрешен карактер и се занимаваат со регулирање на односите меѓу етничките групи, па оттука и барањето за промена на дефиницијата за „20%“ која доаѓа од сите албанските политички субјекти, но и другите општествени чинители е правидна, одржлива и на сите ќе им служи позитивно. Дваесет години по вооружениот конфликт, ова право созреа целосно да се конзумира, како што му припаѓа, како „Албански јазик“.

Сепак треба да остане опцијата „…јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните…“ и на овој начин другите заедници да можат да ги остварат своите јазични права во локалната власт. Никој не губи од различноста, никој не губи од  јазикот на другиот, а граѓаните помалку. Единствените губитници од промената на оваа дефиниција ќе бидат популистичките политичари, кои низ годините ја користеа, се обидуваат да ја искористат и во иднина ќе ја користат како главен адут за собирање гласови, а ќе продолжат да крадат од граѓаните и нивните гласачите.

Ако на нашите сограѓани македонци им требаат дополнителни аргументи, не треба да ги бараат никаде на друго место, доволно е да се вратат три месеци назад во времето и ќе ги најдат во сопствените аргументи употребени во времето кога македонскиот јазик бил негиран, навредуван и омаловажуван. Жал ми е што и тие мораа да поминат низ такво искуство, но се надевам дека ова искуство повеќе ги созреа помагајќи им да го разберат нашето чувство, сега три децении по ред и да најдат сила да ги надминат идеите од минатото за да ги отворат вратите на иднината.

Related posts

Македонските приоритети треба да се третираат како државен, а не партиски интерес

admin

Да се подготвиме за забрзување на историјата

admin

КАКО ДО ДОЛГОРОЧЕН МИР ВО РЕГИОНОТ?

admin

„Вирусот“ на поделби кај албанските партии

admin

ГРАНИЦИТЕ НА НАШИТЕ УМОВИ

admin

Американскиот генерал на нашите граници

admin